Апартмани ” Lara “- Чањ 2021

100

Чањ е атрактивно туристичко место кое се наоѓа помеѓу Петровац и Сутоморе. Има прекрасна плажа во должина од 1 км, наречена Златна обала, по бојата на песокот. Во непосредна близина на Чањ се наоѓа прочуената Краљичина плажа до која се доаѓа само со брод. Престојот во Чањ надополнет со излети во неговата непосредна околина нуди можност за одличен одмор.

Апартманите Лара се наоѓаат во мирниот дел на Чањ на околу 80м од плажа. Модерно опремени,удобни и комфорни ( 1/2 , 1/3 , 1/4 ) , поседувааат сопствено купатило, тераса, ТВ- кабловска, WI-FI ,фрижидер, клима, мини – кујна комплетно опремена. Објектот има лифт. Во склоп на објектот има рецепција и модерно опремен ресторан.

Во ресторанот Lara можете да ги користите услугите на база полу пансион или полн пансион. Ресторанот нуди квалитетна услуга и домашна храна.За моментите на опуштање со кафе и пијалок непосредно до ресторанот има и летна бавча со игротека за деца .Неколку пати во текот на неделата организираме детски театарски претстави во кои децата ке уживаат со ликовите од познатите цртани филмови. Обезбеден е и гратис паркинг.

Напомени:

  • Сместување за минимум 7 ноќи.
  • Полу пансион ( ноќевање , појадок/вечера, појадок/ручек, ручек/ вечера – оброци по избор на гостинот.
  • Појадок – Шведска маса.
  • Ручек и вечера – комбинација со шведска маса – супи, чорби , салати, десерт, со избор на главното јадење од мени
  • Смените почнуваат со: Ручек ( полн пансион, појадок/ручек, ручек/вечера), Вечера (појадок/вечера),
  • Смените завршуваат со: Појадок (полн пансион, појадок/вечера, појадок/ручек), Вечера(ручек/вечера)
  • Клима, wi-fi, паркинг се вклучени во цената.
  • Туристичка такса се плаќа директно на рецепција (по лице на ден)
  • Деца до 12год. 0,5€ ; од 12 до 18 год. 1€ , возрасни 1,50€
  • Влегување во собите во 12:00ч, напуштање на собите до 09:00ч.

Попусти :

  • Деца до 2,99 год. БЕСПЛАТНО, во кревет со родители без храна
  • Достапно креветче за бебе (со претходна најава ) без доплата
  • Деца од 3-10 години без легло плаќаат 50 % од цената.
  • Деца од 3-12 години на посебно легло плаќаат 70 % од цената.
  • Деца до 12 години со еден возрасен во студио 1/2 плаќа 80 % од цената.