Банско – 1 МАЈ

282

Б А Н С К О

3 дена – 2 ноќи | термин: 29.04 – 01.05.2017


1ден/29.04 (сабота)  Штип/Велес/Скопје/Куманово – Банско
Поаѓање од ШТИП во 05:30 часот пред Новата Пошта. ВЕЛЕС на бензиска Макпетрол (кружен тек) во 06:15 часот. Од СКОПЈЕ пред Хотел Вип, наспроти Скопски саем во 07:00 часот. КУМАНОВО 08:00 на Б.П.Макпетрол (автопат). Се патува преку граничен премин Деве Баир. Пристигнување во Банско околу пладне. Сместување во хотел Park Hotel Gardenia 4* во центарот на Банско. Вечера. Ноќевање.

2 ден/30.04 (недела)  Банско
Појадок
 (шведска маса) слободен ден за одмор, скијање, прошетки низ многубројните бутици, ресторани, кафулиња низ Банско или релакс во SPA центарот.. Вечера (шведска маса), Ноќевање.

3ден/01.05 (понеделник)  Банско – Штип/Велес/Скопје/Куамново
Појадок (шведска маса). Поаѓање за Македонија во 14 часот по МК односно во 15 часот по Бугарско време пред хотелот. Попатна посета на хипермаркет МЕТРО и кратка пауза за шопинг. Пристигнување во вечерните часови.

ОПИС НА ХОТЕЛОТ 

             4* Park Hotel Gardenia, се наоѓа во строгиот центар на Банско. Располага со 84 двокреветни соби со површина од 30м2, Lux соби со површина од 50м2 и апартмани со површина од 75м2. Хотелот има централна клима, огромен Лоби бар со бесплатен Wi-Fi интернет, автентична кафеана каде се служи вечерата (шведска маса), ресторан во Италиански стил со тераса каде се служи појадокот (шведска маса), SPA центар со над 20 различни видови на процедури, менувачница, сервис за перење и пеглање како и игротека за деца.

Опис на собите: Двокреветните Standard и Economy соби се комплетно опремени со телефон со надворешна линија, Wi-Fi интернет, TV, централна клима, тераса (некои од собите), мини бар (комплетно опремен) сеф, гардеробер, купатило со када/туш кабина, со комплетена бањска козметика, телефон, фен за тело, бањарки… Economy двокреветните соби се наоѓаат на III кат и немаат тераса. Lux собите се атрактивно опремени и се со поголема површина на соба и купатило како и када со хидромасажа. Сите соби секојдневно се чистат и се менува постелнина како и бањскиот прибор


Park hotel GARDENIA 4* 2BB 2HB 2AI
 Цена по лице за 2 ноќи со превоз 59€ 69€ 79€
 Прво дете до 7 години 25€ 25€ 25€
 Второ дете до 7 години 40€ 50€ 60€
 Деца од 7-12 г. на дополнително легло 50€ 55€ 60€
 Возрасен на дополнително легло 55€ 65€ 70€

 

НАПОМЕНА
– Сместување во DBL Standard  соби 2+1 на база 2 ноќи со избраната услуга;
– Уплата исклучиво во денари 1€ – 62мкд;
– Доплата за патничко осигурување 150мкд;
– Доплата за туристичка такса 1€ од ден /задолжителна/;