Вила ” Kostas ” – Неа Врасна

4698

Неа Врасна се наоѓа помеѓу Ставрос и Аспровалта , во прекрасен залив со песочна плажа долга 5 километри и истото претставува идеално место за одмор на целото семејство.

Вила Костас се наоѓа на 50 метри од прекрасната песочна плажа во Неа Врасна. Вилата располага со четири четворокреветни студија. Сите соби имаат комплетно опремени кујни и купатила. Користењето на климата се наплаќа 5 € на ден.

ВИЛА КОСТАС ЛЕТО 2017

 

  • НАПОМЕНА
  • –  Цените се дадени по лице за 7 ноќи/8 дена со вклучен превоз | 3-то и 4-то лице БЕСПЛАТНО сместување;
  • –  Цените за 10 ноќи/ 11 дена (без*), се дадени за наем на цело студио без вклучен превоз;
  • –  Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
  • –  Во студио плаќаат минимум 2 лица | 3-то и 4-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз;
  • –  Во студио, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла.
  • –  Поради генерално чистење на студијата после секоја смена, истите се напуштаат во 10:00 часот, а се добиваат околу 14:00 часот (локално време);
  • –  Хигиената си ја одржувате сами за време на престојот;
  • –  Превоз од: / Скопје / / Велес / Удово / Гевгелија;
  • –  Автобусот ги остава/зема патниците на околу 20m од вилата.

 

  • ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
  • –  За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 10%попуст на вториот термин;
  • –  За аранжманите за 7 ноќи/8 дена (со*), при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице;
  • –  При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
  • –  Доплата за превоз: 35€ за возрасни / 25€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште);
  • –  Доплата за патничко осигурување – 150мкд / 300мкд за лица над 65 год
  • Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute или Happy Day понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената