Вила ” Leona ” – Аспровалта

7711

Вила Леона се наоѓа на 30 метри од прекрасната песочна плажа во Аспровалта. Вилата има еден дуплекс апартман, едно двокреветно и едно трокреветно студио. Секјое студио е комплетно опремено со кујна , тоалет , балкон , тв, интернет и климата е вклучена во цената.

 

  • НАПОМЕНА
  • –  Цените се дадени по лице за 7 ноќи/8 дена со вклучен превоз | 3-то и 4-то лице БЕСПЛАТНО сместување;
  • –  Цените за 10 ноќи/ 11 дена (без*), се дадени за наем на цело студио без вклучен превоз;
  • –  Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
  • –  Во студио плаќаат минимум 2 лица | 3-то и 4-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз;
  • –  Во студио, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла.
  • –  Поради генерално чистење на студијата после секоја смена, истите се напуштаат во 10:00 часот, а се добиваат околу 14:00 часот (локално време);
  • –  Хигиената си ја одржувате сами за време на престојот;
  • –  Превоз од: / Скопје / / Велес / Удово / Гевгелија;
  • –  Автобусот ги остава/зема патниците на околу 20m од вилата.

 

  • ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
  • –  За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 10%попуст на вториот термин;
  • –  За аранжманите за 7 ноќи/8 дена (со*), при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице;
  • –  При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
  • –  Доплата за превоз: 35€ за возрасни / 25€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште);
  • –  Доплата за патничко осигурување – 150мкд / 300мкд за лица над 65 год
  • Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute или Happy day  понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената