Вила ” Танос ” – Уранополис 2018

729

Вилата „Thanos“ се наоѓа на самиот влез од преубавиот приморски град Уранополис на третиот крак Атос. Привилегија е да летувате во местото во кое владее апсолутен мир и да престојувате во студијата и апартманите кои имаат поглед на раскошната морска непрегледност и на привлечните ненаселените острови Дрениа и Магарешкиот остров прочуени по  прекрасните  плажи или да го пиете утринското кафе со поглед кон  единствениот населен остров Амоулиани – каде се наоѓа преубавата песочна плажа Golden beach… Вилата е на само неколку минути од најблиската плажа која плени со својата недопрена убавина и на околу  300 метри од прекрасната плажа пред хотелот „Xenia“. Студијата и  апартманите се наоѓаат на високо приземје и на вториот спрат од вилата. Сите  имаат  опремени кујни, телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Некои од сместувачките капацитети на вториот спрат имаат тераси со директен поглед на море, додека пред студијата на приземје има дворно место за одмор. Сите сместувачки капацитети се опремени со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата

  • Цените  во табелата се однесуваат за наем на цело студио за 10 или 7 ноќевања без вклучен превоз 
  • Во студијата е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети
  • Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време
  • Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс  62 денари!
  • Организиран превоз Скопје-Кавадарци-Уранополис
  • Тргнување од Скопје во 04.00 часот и од Кавадарци во 05.30 часот пред туристичките агенции 
  • Цена на повратен билет –35 евра;деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 год.-25 евра
  • Доплата за туристичка такса – околу 0.50€ од соба од ноќ (се плаќа во самиот објект);