Вила “Albatros ” – Лименас

1288

Тасос е најсеверниот остров во Егејскиот архипелаг, кој поради својата раскошна убавина и бујна вегетација популарно е наречен „зелениот дијамант“. Убавината на Тасос е во кристално чистото море, многубројните скриени заливи, плажи и археолошки наоѓалишта. Ова зелено острово прекриено со шума ќе ве воодушеви со своите природни убавини, смарагдно зеленото море и гостопримловоста на локалното население..

Вилата Албатрос е една од најубавите вили во главниот град на Тасос – Лименас. Се наоѓа во мирниот дел на градот на 800 метри од центарот и на две минути до модерно уредената плажа пред вилата. Располага со луксузни трокреветни студиа со три стандардни кревети и комплетно опремени кујни. Студиата кои се наоѓаат на приземје имаат сопствено дворче со тревна површина, а тие што се на првиот кат имаат комфорни тераси со делумен или директен поглед на море. Сите студиа се реновирани за 2014 год. и имаат сопствено купатило, ТВ-LCD, клима уреди. Вилата има можност и за бесплатно користење на интернет. На 200 метри од вилата се наоѓа плажата Тарсанас која е исто така уредена и има повеќе содржини.

Напомена:

  • Смените со * се однесуваат на 7 ноќевања со вклучен превоз по лице. (трето и четврто лице – БЕСПЛАТНО плаќа само превоз доколку користи)
  • Смените без * се однесуваат на наем на цел апартман/студио за 9 ноќевања без вклучен превоз
  • Цените за пакет аранжманите се однесуваат по лице (7 ноќевања со вклучен превоз), за минимум 2 лица
    во апартман (трето и четврто лице во апартман БЕСПЛАТНО – плаќаат само превоз 50 евра за возрасен и 35 евра за дете 2-12 години)
  • Во цената на аранжманите не е вклучено користењето на клима уредот (се доплаќа 5 евра на ден по студио/апп)
  • За хигиената во студијата/апартманите во текот на престојот се грижат самите корисници
  • Во секое од студијата/апартманите има комплетно опремена кујна за онолку лица колку што има во студиото/апартманот
  • Постелнината во апартманите/студијата се менува еднаш за време на престојот
  • Сместување во студијата/апартманите е по 14 часот по локално време а напуштање на студијата/апартманите е до 09 часот по локално време
  • Цените се изразени во ЕУР за плаќање во денарска противвредност 1 € = 62 денари.
  • При користење на сопствен превоз, цената за пакет аранжманите означени со *се намалува за 20€.
  • Цената на превозот на релација Скопје – Тасос – Скопје изнесува:
    • возрасни: 50 €
    • деца од 2 до 12 години: 35 €
    • деца до 2 години: БЕСПЛАТНО (не користи седиште)