Vila “ANASTASIA Lux” – Полихроно
Вила “Anastasia Lux” се наоѓа на 100m од плажа во центарот на Полихроно веднаш наспроти хотел “Posedonio”. Располага со комплетно нови, луксузно опремени и комфортни 1/3+1 студија за 4 лица (едно дупло легло и едно единечно легло од кое се извлекува уште едно и доаѓа на исто ниво). Сите студија се опремени со тоалет, кујна, тераса со поглед кон улицата, ТВ, клима – вклучена во цената. Во склоп на вилата има паркинг за гостите на вилата кој можат да го користат бесплатно, доколку има слободни места. Студијата се наоѓаат на приземје.
НАПОМЕНА
- – Цените се дадени по лице за 7 ноќи/8 дена со вклучен превоз | 3-то и 4-то лице – БЕСПЛАТНО сместување;
- – Цените за 7 ноќи/8 дена со*, се дадени за наем на цело студио без вклучен превоз;
- – Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
- – Во термините со превоз, плаќаат минимум 2 лица | 3-то и 4-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз доколку користат;
- – Во студио, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести едно дете до 7 години во кревет со двајца возрасни;
- – Поради генерално чистење на апартманите после секоја смена се напуштаат во 10:00 часот, а се добиваат околу 14:00 часот;
- – Хигиената си ја одржуваат самите клиенти за време на престојот;
- – При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
- – Организиран превоз од: Штип / Скопје / Куманово / Велес / Струмица / Гевгелија;
- – Автобусот ги остава/зема патниците на 300m од вилата (на главниот пат);
- – Wi-Fi интернет и клима – БЕСПЛАТНО!!
- – Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти и НЕ важат за првиот и последниот термин.
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
- – За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 10%попуст на вториот термин;
- – За аранжманите за 7 ноќи/8 дена (без *), при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице (освен за првиот и последниот термин);
- – Доплата за туристичка такса – 0.50€ од соба од ноќ (се плаќа во самиот објект);
- – Доплата за превоз: 35€ за возрасни / 25€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште);
- – Доплата за патничко осигурување.