Вила ” Angeliki ” – Сарти 2018

421

Вилата „Angeliki“ се наоѓа стариот дел од градот, во непосредна близина на училиштето и на познатиот хотел „Ostraco“, на само 150 метри од плажата. Вилата има два шесткреветни дуплекс апартмани на високо приземје. Апартманите  се опремени со квалитетен мебел и кујни, телевизори, клима уред чие користење е вклучено во цената и сопствено купатило. Сите сместувачки капацитети имаат постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата е со бојлер, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.

НАПОМЕНА :

  • Цените  во табелата се однесуваат за наем на цело студио за 10 или 7 ноќевања без вклучен превоз
  • Во студијата е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети
  • Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време
  • Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс  62 денари!
  • Организиран превоз Скопје-Кавадарци- Сарти
  • Тргнување од Скопје во 04.00 часот и од Кавадарци во 05.30 часот пред туристичките агенции
  • Цена на повратен билет –35 евра;деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 год.-25 евра
  • Доплата за туристичка такса 0,5 € по соба на ден (се плаќа во објектот)