Вила ” Argo ” – Неа Плагија

1690

Неа Плагија е типично грчко приморско селце, од каде почнува прекрасна песочна плажа, долга околу 6-7 километри, се до Неа Модања. Малечко, интимно и мирно место, со љубезни домажини, кое во текот на летото а посебно во највисоката сезона е навистина полно и раздвижено, најмногу со семејства кои токму тука го гледаат идеалното место за вистинско уживање и одмор.
Апартманите „Арго“ се лоцирани кон крајот на ова селце, на само 3-40 метри од морето. Сите се четирикреветни дуплекси, со по две одвоени спални соби и посебна, комплетно опремена кујна, тоалет, клима, интернет и голема тераса со прекрасен отворен поглед кон морето.

 

Напомени и услови:

  • Цените во табелите се објавени во денари и во евра, плаќањето на аранжманот е исклучиво во денари.
  • За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 7 дена пред започнување на аранжманот.Кој било друг начин на резервација (усно, телефонски или слично) е неважечки.
  • Вонсезонските цени се изразени по лице за пакет аранжман од 7 ноќевања и автобуски превоз.За аранжман со сопствен превоз (кај вонсезонските цени) се одбива по 620мкд. (10 евра) од цената за првото и второто лице, третото или четвртото легло се наплаќаат во целост.
  • Сезонските цени се изразени за наем на цело студио/апартман за  9 ноќевања
  • Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.
  • Преземањето на собите започнува најрано во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин.
  • Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.
  • Единствено е дозволено сместување на едно дете до 5,99 години над бројот на кревети во секое студио/ апартман

 

  • Агенцијата организира превоз со придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот а цената за истиот изнесува:
    • За возрасни 2.170 мкд. (35 евра)
    • За деца до 12 години 1.550 мкд. (25 евра)
    • Деца до 2 години бесплатно,без седиште
  • Тргнувањето од Скопје е во 3 часот наутро (на паркингот спроти хотел „Холидеј ин“) а состанок на групата е во 2:30 минути.Тргнувањето од Грција е од место и време кои се договараат со придружникот-пратител на групата.
  • Клиентите кои не користат огранизиран превоз од агенцијата, т.е. оние кои патуваат со сопствен превоз се сместуваат индивидуално во собите, истите ги молиме да побараат точни информации за локација на сместувачките капацитети во нашите канцеларии.
  • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.
  • Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
  • Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената