Вила ” Avra ” – Сарти

927

Сарти е мало селце сместено на источната страна на вториот крак, со прекрасен поглед кон третиот крак и планината Атос. Има долга прекрасна песочна плажа и кристално чисто море. Според многумина најмонденското и најпосетено туристичко место на Ситонија. Оддалечено е 144 км. од Солун и 240 км. од македонската граница. И покрај тоа што Сарти е навистина мало место, истото е полно со многу хотели и апартмани за сместување. Во негова близина, на само (околу) 500м. се наоѓа манастирот Xenofontos изграден 1867 год. Од Сарти се организираат еднодневни посети, крстарења до планината Атос.

Студијата/ апартмани “Avra” се лоцирани во стариот дел на Сарти, на околу 50 м. оддалеченост од плажа, истите се стандардни, уредни и чисти, секоја соба има комплетно опремена кујна, сопствен тоалет, ТВ, клима уред (се доплаќа), бесплатен интернет и тераса.

1 кат + 2 кат
Капацитет: 5 соби од 12 во целиот објект
Оддалечност од море: 50 метри
Структура:
Двокреветни и трокреветни студија на прв и втор кат, два единечни кревети каде е сместена и комплетно опремена кујна, тоалет, тераса, тв, интернет, клима(се доплаќа)
Четворокреветен апартман со две одвоени спални соби, во едната од нив се наоѓа комплетно опремена кујна, тоалет, тераса, тв, интернет, клима(се доплаѓа)
Забелешка: Се наоѓа во стариот дел на Сарти.

 

 

Напомени и услови:

  • Цените во табелите се дадени во денари и евра, плаќање исклучиво во денари
  • Вонсезонските цени се по лице за пакет аранжман од 7 ноќевања со вкучен автобуски превоз
  • За користење на сопствен превоз, се одбива по 620мкд. (10 евра) од цената за првото и второто лице, од вонсезонските цени
  • Сезонските цени се за наем на цело студио/ апартман, 9 ноќевања
  • Термините во табелите се денови на започнување и завршување на аранжманот
  • Тргнување од Скопје во 03.00 часот, состанок на групата во 02.30 часот, за оние кои користат организиран автобуски превоз, истиот чини:
    • Возрасни 2.170мкд. (35 евра)
    • Деца до 12 години 1.550мкд. (25 евра)
    • Деца до 2 години бесплатно, без седиште
  • Максимум дозволено, сместување на едно дете до 6 години над бројот на кревети во секое студио/ апартман
  • Задолжително патничко-здравствено осигурување, информации во агенцијата

За овој аранжман важат Општите услови за патување на агенциите членки на СКТМ