Вила ” Blue Dream ” – Калитеа

683

Вила “Blue Dream”, се наоѓа веднаш над вила “Theano” односно помеѓу втора и трета пешачка зона и на околу 200m од плажа. Вилата располага со Апартмани со една спална за 4 или 5 лица, на I-ви кат, со еден брачен кревет во спалната и две одделни легла во кујната, или еден брачен и еден единечен во спалната и две одделни легла во кујната, зависно од структурата на апартманот. Опремени се со: кујна (со комплетен прибор за онолку лица према број на легла, фрижидер..), тоалет, туш, просторни балкони со поглед кон маркетот наспроти вилата и центарот, телевизор, гардеробер, клима и  интернет – БЕСПЛАТНИ.

  • НАПОМЕНА
  • –  Цените се дадени по лице за 7 ноќи/8 дена со вклучен превоз | 3-то, 4-то и 5-то лице БЕСПЛАТНО сместување;
  • –  Цените за 7 ноќи/8 дена (со*), се дадени за наем на цел апартман без вклучен превоз;
  • –  Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
  • –  Во апартман со една спална плаќаат минимум 2 лица | 3-то, 4-то и 5-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз;
  • –  Во апартман, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 7 години во кревет со двајца возрасни – БЕСПЛАТНО;
  • –  Поради генерално чистење на апартманите после секоја смена, истите се напуштаат во 10:00 часот, а се добиваат околу 14:00 часот (локално време);
  • –  Хигиената си ја одржувате сами за време на престојот;
  • –  Превоз од: Штип / Скопје / Куманово / Велес / Удово / Гевгелија;
  • –  Автобусот ги остава/зема патниците на булеварот (околу 150m од вилата).
  • ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
  • –  За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 10%попуст на вториот термин;
  • –  За аранжманите за 7 ноќи/8 дена (без *), при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице;
  • –  При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
  • –  Доплата за превоз: 35€ за возрасни / 25€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште);
  • –  Доплата за патничко осигурување – 150мкд / 300мкд за лица над 65 год.