Вила ” Blue Sea “- Торони

1363

Традиционално, веќе неколку години во нашата летна понуда ја имаме вилата „Blue Sea” која е составен дел на хотелскиот  комплекс „Blue Sea Hotel” во Торони. Се наоѓа на самата песочна плажа, а фактот што гостите можат да го користат базенот, џакузито и детскиот базен ја вбројува оваа вила  меѓу една од најбараните во нашата понуда. Сите студија имаат мини кујна, ТВ и клима уред чие користење е вклучено во цената, а се наоѓаат на прв и втор спрат, во реновираниот дел од објектот. Во понудата се трокреветни и четирикреветни студија кои имаат тераси со поглед во дворот на вилата и на базенот, како и бочно поглед кон морето. Пристојно сместување за летен одмор во кој луксузот ќе го најдете на преубавата плажа со кристално чиста вода и крупни зрна песок кои пријатно ги масираат Вашите стапала.

  • Цените  се однесуваат за сместување во студио за 10 ноќевања без вклучен превоз
  • Организиран превоз Скопје-Кавадарци-Торони:
  • Тргнување од Скопје во 04.00 часот и од Кавадарци во 05.30 часот пред туристичките агенции
  • Цена на повратен билет – 35 евра; деца до 2 години бесплатно (без седиште);деца од 2-12 год.-25 евра
  • Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс 62 денари!