Вила “Bouzalis” – Неа Флогита 2020

252

                                        НЕА ФЛОГИТА- Вила „Bouzalis

  • Во централниот дел на полуостровот Халкидики, на само педесетина километри југоистoчно од Солун се наоѓа туристичкото место Неа Флогита, препознатливо по централниот парк со фонтаните и зелениот појас со палми. Длабочината во морето е умерена што го прави ова туристичко место уште попривлечно за децата. Местото е одлично снабдено во текот на летната сезона-изобилува со маркети, пекари, слаткарници,таверни, ресторани,а токму тука е најпозната плажа „Pastazi“ која нуди одлична забава за младите.
  • Вилата Bouzalis е лоцирана на самото шеталиште во Неа Флогита, на само неколку метри од морето. Вилата располага со апартмани со најразлична големина кои се целосно реновирани; дел од сместувачките капацитети имаат директен поглед на море, а останатите имаат поглед на улица или во дворот на вилата, а се наоѓаат на приземје, прв и втор спрат. Сите сместувачки капацитети имаат сопствено купатило и се опремени со кујни (електрични шпорети со рерни, фрижидери со одвоени комори и основни садови за готвење и јадење), телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Студијата и апартманите се опремени со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во најголем дел од сместувачките капацитети е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. Во непосредна близина на вилата има паркинг простор.
  • Напомена: Сместувачките капацитети немаат пространа површина и заради ограничниот простор во собите не се препорачува да се сместуваат повеќе лица од веќе предвидените кревети за спиење.

  • – Цените во табелата се однесуваат за наем на цело студио или апартман за 10 ноќевања без вклучен превоз
  • – Во апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети
  • – Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време
  • – Доплата за туристичка такса во Грција-0,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенцијата)
  • – Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс 62 денари!
  • – Организиран превоз Скопје-Кавадарци-Неа Флогита
  • – Тргнување од Скопје во 04.00 часот и од Кавадарци во 05.30 часот пред туристичките агенции
  • – Цена на повратен билет – 35 евра; деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 год.-25 евра