Вила ” Bouzalis ” – Неа Флогита 2018

1435

Вилата Athanasios Bouzalis”  е лоцирана на самото шеталиште во Неа Флогита, пред оазата палми кои го разубавуваат центарот на ова симпатично туристичко место и го делат просторот меѓу вилата и широката песочна плажа. Вилата располага со апартмани со најразлична големина, и е одличен избор за поголеми друштва кои сакаат заеднички да летуваат. Осумкреветните апартмани имаат пространи тераси со директен поглед на непрегледната морска ширина. Истата прекрасна глетка ја имате доколку сте сместени во двокреветното студио и во петкреветниот апартман,a  трокреветните студија имаат бочно поглед на море. Останатите сместувачки капацитети имаат поглед во дворот на вилата или  на  улицата. Апартманите имаат нови кујни, тв и клима вклучена во цената. Веднаш до вилата, на самото шеталиште има најразновидни забави за децата,слаткарници,маркети  и пазар што  преку целиот ден е снабден со свежи производи. Флогита ја има најпозната плажа „Pastazi“ која нуди одлична забава за младите.

 

 

  • Цените се однесуваат за сместување во студио, апартман или дуплекс за 10 ноќевања без вклучен превоз
  • Организиран превоз Скопје-Кавадарци-Неа Флогита:
  • Тргнување од Скопје во 04.00 часот и од Кавадарци во 05.30 часот пред Туристичките агенции
  • Цена на повратен билет – 35 евра; деца до 2 години бесплатно (без седиште);деца од 2-12 год.-25 евра
  • Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс 62 денари!
  • Доплата за туристичка такса 0,5 € по соба на ден (се плаќа во објектот).