Вила ” Casa Bella “- Неа Флогита 2020

393

Вила “CASA BELLA” – Неа Флогита

Вила “Casa Bella”, се наоѓа во центарот на Флогита, на 50m од плажа. Располага со апартмани со една спална за 2 лица и дуплекс апартмани со две спални соби за 4 или 5 лица на I и II кат. На приземје се наоѓа рецепција и голем простор за оставање на багаж на денот на сместување и заминување, како и тоалет кој може да го користат гостите.
– Апартман со една спалнасоба за 2 лица (брачен кревет во спалната) и посебна кујна, комплетно опремена, купатило, тераса со масичка и столчиња со поглед назад кон улицата.
– Дуплекс апартман со 2 одделни спалнисоби за 4 лица (брачен кревет во двете спални соби), кујна купатило и тераса со поглед назад кон улицата.
– Дуплекс апартман со 2 одделни спални соби за 5 лица (брачен кревет во едната спална и три единечни легла во другата спална соба) кујна, купатило, тераса со поглед кон предниот дел на улицата, пред вилата.
Апартманите се комплетно опремени со голем фрижидер+комора, мал шпорет со рерна, електричен бокал за топлење вода, машина за перење алишта и прибор, WC, клима – вклучена во цената и е поставена во ходникот на апартманите,    интернет, пешкири, плазма TV со сателитска со Македонски и Србски канали во една од двете спални соби, тераси со масички и столчиња.

                                                   

НАПОМЕНА

  • –  Цените се дадени по лице за 7 ноќи 8 дена со вклучен превоз | 5-то лице во дуплекс апартман /3+2/ – БЕСПЛАТНО сместување;
  • –  Цените за 7 ноќи/8 дена (со*), се дадени за наем на цел апартман без вклучен превоз;
  • –  Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
  • –  Во дуплекс апартман со две одделни спални, плаќаат минимум 4 лица | 5-то лице се сместува БЕСПЛАТНО, плаќа само превоз доколку користи;
  • –  Во апартман, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години – БЕСПЛАТНО;
  • –  Поради генерално чистење на апартманите после секоја смена се напуштаат во 10:00 часот, а се добиваат околу 14:00 часот;
  • –  Хигиената си ја одржуваат самите клиенти за време на престојот;
  • –  При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
  • –  Организиран превоз од: Штип / Скопје / Куманово / Велес / Струмица / Гевгелија;
  • –  Автобусот ги остава/зема патниците на 50м од вилата;
  • –  Wi-Fi интернет – БЕСПЛАТНО!!
  • –  Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти и НЕ важат за првиот и последниот термин.

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ

  • –  За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 10%попуст на вториот термин;
  • –  За аранжманите за 7 ноќи/8 дена (без *), при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице (освен за првиот и последниот термин);
  • –  Доплата за туристичка такса – 0.50€ од соба од ноќ (се плаќа во самиот објект);
  • –  Доплата за превоз: 35€ за возрасни / 25€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште);
  • –  Доплата за патничко осигурување.