Вила “Dora “- Неа Каликратија 2020

276

                                               Вила ДОРА  – Неа Каликратија

Неа Каликратија е прекрасно место кое лежи на западниот брег на Халкидики, на само 40 км. од Солун. Богата е со зеленило и има долга и пространа песочна плажа, парк, барови на плажа, таверни и секако тиркизно бистрото море. Местото пружа фантастичен поглед на заливот Термиакос , Вистинско место за одмор! Вила Дора е лоцирана во мирниот дел на Неа Каликратија, нова градба од 2018 година, се наоѓа на  100 м од плажа, располага со петокреветни апартмани ( мезонети), петосед на долниот кат , брачен лежај и кревет на горниот кат. Модерно дизајнирани, со комплетно опремена кујна, WC, клима (вклучена во цената), пространи тераси, Тв со сателитска. Објектот располага со мини забавен парк за деца, хранилки -столчиња, и baby колички.

Цени за термини по типови простории и услуги


НАПОМЕНА:   

– Цените со * се однесуваат за пакет аранжман по лице за 7 ноќевања со вклучен превоз.  

– За патување со сопствен превоз, цената се намалува за 10 евра;

– Цените без * се однесуваат за наем на апартман за 7 ноќевања.

– Во апартман, за термините со *, две лица плаќаат полн износ а третото ,четвртото и петто лицe се сместуваат БЕСПЛАТНО, и плаќаат само за превоз.

-Туристичка такса е 0.5 еур на ден по апартман и се плаќа на лице

место.

– Сместувањето во собите е после 14:00 часот локално време,

а напуштањето на собите е до 09:00 часот локално време.

– За уплатени два аранжмана 7+7 ноќевања одобруваме

вкупен попуст од 5%.

– Плаќањето се врши во денарска противредност по курс 62,00 мкд.

Цената само за превоз: Скопје-Халкидики-Скопје изнесува:

  •   35 € возрасни
  •   25 € деца од 2 – 12 години
  • БЕСПЛАТНО за деца до 2 години (не користи седиште)