Вила ” Elena Nina ” – Скала Потамиа 2018

202

ВИЛА „ELENA NINA“ – СКАЛА ПОТАМИА

Вилата се наоѓа на 150 метри од најубавата плажа на островот Golden Beach. Во близина има супер маркет, таверни, а центарот на Скала Потамиа е на околу десетина минути пешачење. Опкружена е со голем двор во кој се поставени гарнитури за седење а има и топоган за деца. Околу вилата има доволно места за паркинг за гостите кои доаѓаат со сопствен превоз. Вилата поседува wi-fi и клима уред (вклучен во цената). Апартманите се сместени на високо приземје и прв спрат и во секој од нив има ТВ, тераси и комплетно опремени кујни. Сите апартмани содржат брачен кревет во спалната соба и кревет на расклопување во кујната каде што може да се сместат двајца возрасни.

Напомена:

-Смените со * се однесуваат на 7 ноќевања со вклучен превоз по лице (трето и четврто лице – БЕСПЛАТНО плаќа само превоз доколку користи)
-Смените без * се однесуваат на наем на цел апартман за 9 ноќевања без вклучен превоз
-За резервирани два последователни аранжмани одобруваме 10% попуст на втората смена (не се комбинира)
-Во цената на аранжманите е вклучено користењето на клима уредот
-За хигиената во апартманите во текот на престојот се грижат самите корисници
-Во секое од апартманите има комплетно опремена кујна за онолку лица колку што има во апартманот
-Постелнината во студијата се менува еднаш за време на престојот
-Сместување во студијата/апартманите е по 14 часот по локално време а напуштање на апартманите е до 09 часот по локално време
-Цените се изразени во ЕУР за плаќање во денарска противвредност 1 € = 62 мкд.

*При користење на сопствен превоз, цената за пакет аранжманите означени со * се намалува за 20€.

Автобуски превоз на релација Скопје – Велес – Тасос – Велес – Скопје
•возрасни: 50 €
•деца од 2 до 12 години: 35 €
•деца до 2 години: БЕСПЛАТНО (не користи седиште)