Вила “Eleni” – Неа Рода 2020

258

                                         НЕА РОДА- Вила „Eleni

Вилата „Eleni“ е лоцирана во непосредна близина на строгиот центар, на само 50 метри од плажата во Неа Рода, веднаш над вилата „Maria Pashalidou“. Во вилата располагаме со две 1/2+1 соби и еден четирикреветен апартман на прв спрат. Собите имаат тераси со поглед на море и издвоена заедничка кујна, а апартманот има поглед во дворот на вилата. Кујната е целосно издвоена од двете соби и се наоѓа веднаш наспроти просториите на истиот спрат во вилата. Целосно е опремена за да можат да ја користат две семејства-има два големи фрижидери со издвоен дел за замрзнување, два одделни мијалници, две мини решоа за готвење , комплетно е опремена со прибор за готвење и јадење. Во оваа просторија има и две помали масички. Кујната излегува на мала тераса која има поглед во дворот на вилата.Сите сместувачки капацитети имаат телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената, постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.

Напомена: Во сите студија дозволено е сместување на толку лица колку што има кревети. Во заеднички кревет заедно со возрасно лице може да се смести дополнително едно дете до 4 години.

– Цените  во табелата се однесуваат за наем на цело студио за 10  ноќевања без вклучен превоз

– Во студијата е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети

– Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време

– Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс  62 денари!

– Организиран превоз Скопје-Кавадарци-Неа Рода

– Тргнување од Скопје во 04.00 часот

– Цена на повратен билет –35 евра;деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 год.-25 евра

Доплата за туристичка такса 0,5 евра од ден по студио/апартман
(се плаќа во агенцијата)