Вила ” Evi 2 “- Неа Каликратија 2018

712

Ново во нашата понуда-Неа Каликратија, оддалечено само 40 км од Солун, првото туристичко место кое ќе Ве сретне на патот кон Касандра. Градот кој живее цела година изобилува со ресторани, таверни, амбуланта, аптеки, маркети, слаткарници, продавници (Lidl, Masutis, Marinopoulos)….Во центарот се наоѓа голем парк со забава за децата и  уредена песочната плажа во должина од 800 метри. На само 5 км од градот се наоѓа познатата плажа „Sahara“, надградена со Сино знаме за чистота која нуди одлична забава за младите.
Вилата „Evi II“ е лоцирана во самиот центар во Неа Каликратија, на само 120 метри метри од морето. Вилата е поставена на самата улица која води дирекно кон плажата  меѓу изобилство продавници, маркети и пекари, гиро и ресторани. Располага со пространи студија и апартмани кои се наоѓаат на прв и на втор спрат. Сите сместувачки капацитети имаат сопствено купатило и се опремени со кујни (електрични шпорети со рерни, фрижидери со одвоени комори и основни садови за готвење и јадење), телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Апартманите имаат постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во најголем дел од сместувачките капацитети е со сопствен бојлер, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.

НАПОМЕНА:

  • Цените  во табелата се однесуваат за наем на цело студио или апартман за 10 или 7 ноќевања без вклучен превоз
  • Во студијата и апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети
  • Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време
  • Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс  62 денари!
  • Организиран превоз Скопје-Кавадарци-Неа Каликратија
  • Тргнување од Скопје во 04.00 часот и од Кавадарци во 05.30 часот пред туристичките агенции
  • Цена на повратен билет –35 евра;деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 год.-25 евра
  •   Доплата за туристичка такса – околу 0.50€ од соба од ноќ (се плаќа во самиот објект);