Вила ” Garden “- Ксамил 2021

645

Ксaмил е место со прекрасни егзотични плажи и величенствено тиркизно море на ривиерата на Јужна Албанија. Затоа, ставете го Ксамил во прв план за вашиот следен одмор и нема да зажалите бидејќи ќе уживате во одлична храна, долги сончеви денови, пливање и рибарење … и сето тоа за разумна цена, за разлика од другите познати туристички места.

Вила Гарден се наоѓа на помалку 100м од преубавата песочна плажа.Вилата располага со бар,мини ресторан, кој нуди појадок на барање. Сите соби се опремени со сопствено купатило, комплетно опремена кујна,клима вклучена во цената, wi-fi.

                 Цените се дадени за наем на соба за 7 ноќевања/8 дена

  EARLY BOOKING попуст од 15% на сите термини за  уплати од 50% до 28.02.2021

 

НАПОМЕНА:

  •  Цените се дадени за наем на соба за 7 ноќевања/8 дена
  • Цена за превоз за возрасен 50 евра, за деца (3-11.99  год.) 35 евра
  • Поаѓање од Скопје од Дрводекор еден ден пред наведените датуми во табелата во 22:00 ч.
  • Поаѓање од Ксамил во 14:00 ч.
  • Пристигнувањето во Скопје е предвидено околу полноќ
  • Користењето на собите започнува првиот ден од 14:00 часот, а се напуштаат последниот ден до 10:00 часот (багажот се остава во рецепцијата, предвидена за куфери)
  • За уплатени 2 аранжмани 7+7 ноќевања одобруваме 10% попуст на вториот аранжман

ОПШТИ УСЛОВИ:

  •  За резервација задолжително уплата аванс 30% од вкупниот износ, целосна доплата 7 дена пред патување.
  • Цените се дадени за наем на соба во евра, плаќањето е во денари (1 еур = 62 мкд.)
  • Задолжително патничко осигурување – Може да се купи во агенцијата (5 евра за целиот престој за лица до 65 години)
  • Во собите можат да престојуваат онолку лица колку што платиле за престојот во собата
  • За хигиената на собите се грижат гостите
  • Сите настанати штети за време на престојот се на товар на патникот
  • За ова патување потребен е валиден биометриски пасош или лична карта
  • Се патува преку граничниот премин Ќафасан
  • Не е потребен PCR тест за влез во Албанија
  • Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.
  • За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција при влез во автобус, одржување на дистанца на патници кои не патуваат заедно.
  • При влез во автобус задолжително мерење на телесна температура на секој од патниците, во случај на покачена телесна температура лицето нема да може да патува, согласно протоколите и препораките за меѓународен сообраќај
  • За време на патувањето во автобус задолжително е носење на заштитна маска со која се покрива устата и носот.
  • Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.

– Со оваа програма важат Општите услови за патување на Т.А.Весна Турс