Вила ” Gillis ” – Неа Потидеа 2018

1101

Неа Потидеа е првото населено туристичко место на првиот крак кога се доаѓа од Солун, од него е оддалечено 68 км., а од македонската граница 151 км. малечко селце, познато по туризам и риболов. Има долга, широка, прекрасна песочна плажа. Посебно убаво за оние кои сакаат мир и тишина, семејства со деца.

Студијата/ апартманите “Gillis” се лоцирани во центарот на Неа потидеа, на само 70-80 м. од плажа. Секоја соба има комплетно опремена кујна, сопствен тоалет, ТВ, клима уред и тераса.

Приземје + 1 кат
Капацитет: 8 соби (5 на приземје + 3 на 1 кат), максимум 24 лица
Оддалеченост од море/ плажа: 80 метри
Структура: двокреветни и четворокреветни
Опис:
Двокреветни студија: два кревети, комплето опремена кујна, тоалет, тераса
Четирикреветни студија : (приземје) еден француски и два единечни кревети, комплетно опремена кујна, тоалет, тераса
Четирикреветнo  студиo : (1 кат) два одделни француски кревети, комплетно опремена кујна, тоалет, тераса
Четирикреветен апартман : (1 кат) еден француски кревет во една просторија со комплетно опремена кујна, тоалет и спална соба со француски кревет, тераса
Забелешка: реновирани, прекрасни (тераси) дворови, паркинг, интернет, клима

 

Напомени и услови:

  • Цените во табелите се дадени во денари и евра, плаќање исклучиво во денари
  • Вонсезонските цени се по лице за пакет аранжман од 7 ноќевања со вкучен автобуски превоз
  • За користење на сопствен превоз, се одбива по 620мкд. (10 евра) од цената за првото и второто лице, од вонсезонските цени
  • Сезонските цени се за наем на цело студио/ апартман, 9 ноќевања
  • Термините во табелите се денови на започнување и завршување на аранжманот
  • Тргнување од Скопје во 03.00 часот, состанок на групата во 02.30 часот, за оние кои користат организиран автобуски превоз, истиот чини:
    • Возрасни 2.170мкд. (35 евра)
    • Деца до 12 години 1.550мкд. (25 евра)
    • Деца до 2 години бесплатно, без седиште
  • Максимум дозволено, сместување на едно дете до 6 години над бројот на кревети во секое студио/ апартман
  • Задолжително патничко-здравствено осигурување, информации во агенцијата
  • Доплата за туристичка такса 0,5 € по соба на ден (се плаќа во објектот).

За овој аранжман важат Општите услови за патување на агенциите членки на СКТМ