Вила ” Giota “- Амулиани 2018

534

Амулиани е прекрасен мал остров на Егејско море, и е единствен населен во северниот дел на Грција.

Со големина од 4,5км2 изобилува со прекрасни плажи: Аликес, Агиос Георгиос, Мегалиамос, Карагација и многу мали заливи за оние кои сакаат да уживаат во интимата.
Лоциран е во заливот на планината Атос, и доминира зелената боја, со маслинови полиња…
Мирно место, го препорачуваме за семејства и парови кои сакаат вистински одмор. Местото е полно со таверни, бутици, кафе барови и продавници.
Всушност, отпатувајте заедно за нас и вратете се со свои впечатоци од ова мало, извонредно место, се надеваме дека ќе уживате во неговите убавини.

Студијата “Giota”  се лоцирани во центарот на Амулијани , на 100 метри од пристаништето, оддалечени 150м од плажа. Располага со трикреветни и четирикреветни студија , со ТВ, клима уред, комплетно опремена кујна, тоалет и тераса.

Напомени и услови:

  • Цените во табелите се објавени во денари и во евра, плаќањето на аранжманот е исклучиво во денари.

За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 7 дена пред започнување на аранжманот.Кој било друг начин на резервација (усно, телефонски или слично) е неважечки

  • Вонсезонските цени се изразени по лице за пакет аранжман од 7,9,10 или 12 ноќевања и автобуски превоз и вклучен траект (Трипити – Амулијани – Трипити) .За аранжман со сопствен превоз (кај вонсезонските цени) се одбива по 620мкд (10евра) од цената за првото и второто лице, третото или четвртото легло се наплаќаат во целост.
  • Сезонските цени се изразени за наем на цело студио/апартман за  9 ноќевања
  • Цените означени со ѕвезда (*) се промотивни и не подлежат на попусти за ран букинг , превозот не се одбива од истите 
  • Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.
  • Агенцијата организира превоз со придружник-пратител на групата, автобуски превоз на релација Скопје – Трипити (пристаниште) Скопје, карта за траект Трипити – Амулијани – Трипити и трансфер до куќите
    • За возрасни 2.790 мкд. (45 евра) 
    • За деца до 12 години 1.860 мкд. (30 евра) 
    • Деца до 2 години бесплатно,без седиште
  • Преземањето на собите започнува најрано во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин.
  •   Доплата за туристичка такса – околу 0.50€ од соба од ноќ (се плаќа во самиот објект);