Вила ” Grigoriou ” – Калитеа

735

Вила “Grigoriou”, се наоѓа во строгиот центар на Калитеа односно на II пешачка зона, опкружена со многу продавници, бутици, ресторани, играчници за деца, кафе барови.. веднаш наспроти вила “Theano” и на 170m од плажа. Вилата располага со 1/3 (спална и одделен кревет) и 1/4 (брачен и две одделни легла) студија на I-ви кат. Опремени со: одделна кујна (со комплетен прибор за онолку лица према број на легла + аспиратор, фрижидер..), тоалет, туш, огромни балкони (со масичка со столчиња) со поглед кон дворот и шеталиштето, телевизор, гардеробер, клима и интернет бесплатни.

  • НАПОМЕНА
  • –  Цените се дадени по лицеза 7 ноќи/8 дена со вклучен превоз | 3-то и 4-то лице БЕСПЛАТНО сместување;
  • –  Цените за 7 ноќи/8 дена (со*), се дадени за наем на цело студио без вклучен превоз;
  • –  Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
  • –  Во студио плаќаат минимум 2 лица | 3-то и 4-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз;
  • –  Во студио, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 7 години во кревет со двајца возрасни – БЕСПЛАТНО;
  • –  Поради генерално чистење на студијата после секоја смена, истите се напуштаат во 10:00 часот, а се добиваат околу 14:00 часот (локално време);
  • –  Хигиената си ја одржувате сами за време на престојот;
  • –  Превоз од: Штип / Скопје / Куманово / Велес / Удово / Гевгелија;
  • –  Автобусот ги остава/зема патниците на околу 120m од вилата.
  • ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
  • –  За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 10%попуст на вториот термин;
  • –  За аранжманите за 7 ноќи/8 дена (без *), при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице;
  • –  При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
  • –  Доплата за превоз: 35€ за возрасни / 25€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште);
  • –  Доплата за патничко осигурување – 150мкд /300мкд за лица над 65 год.