Вила ” Jonian ” – Врахос 2018

1001

ВРАХОС БИЧсе наоѓа на 600 км од Скопје, веднаш по Парга (околу 30км). Сместен на преубава, околу два километри долга плажа, ви овозможува прекрасен одмор на тиркизното Јонско море. Изобилува со кафанчиња, таверни, и рибни ресторани сместени по убавото шеталиште покрај море. Врахос секако ќе ви понуди преубав одмор во едно мало, мирно место богато со борова шума имаслинови дрва.

ВИЛА ЈОНИАН ВЈУна почетокот на Врахос, се наоѓа на 100 метри од плажа и има прекрасен поглед на целиот залив во Врахос. Вилата има сопствен паркинг, расоплага со модерно опремени четирикреветни пространи апартмани.  Секој апартман има свој балкон со поглед на море, комплет опремена кујна, бања, фрижидер, ТВ, купатило и клима (се доплаќа 5евра ден).

ВИЛА КОРАЛИе една од најубавите вили на Врахос Бич. Се наоѓа во центарот, на сама плажа. Вилата има паркинг, бар и сопствена плажа со чадори и лежалки ( гостите на вилата ги користат лежалките со порачување на пијалок) . Сместувањето е во четирикреветни апартмани со балкон (со поглед на градина или на море), комплет опремена кујна, бања, фрижидер, ТВ, клима (се доплаќа 6евра на ден) и Wi-Fi. Напомена: Вила Корали прима само четворочлена фамилија или максимум 3 возрасни особи !!!

ВИЛА ЛУИЗА  се наоѓа на прва линија од плажа, располага со трокреветни и четворокреветни апартмани . Сите апартмани се со комплет опремена кујна, бања , фрижидер, WI- FI ,клима (се доплаќа 5 евра од ден). Апартманите 1/4 се лоцирани на приземје имаат две простории – спална со еден брачен кревет и  кујна со две едниачни кревета.

 

НАПОМЕНИ:

  • ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛАТА СЕ ОДНЕСУВААТ ЗА НАЕМ (7 или 9 ноќи) НА СТУДИО / АПАРТМАН, согласно бројот на кревети.
  • Во студио / апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Во одредени капацитети наддозволениот број може да се сместимаксимум едно дете до 6години во кревет со родител.
  • Термините во табелата се денови на започнување на аражманот.
  • Поаѓањето е на денот објавен во табелата, состанок на група во 01.00часот, поаѓање во 01.30часот на паркингот спроти х.Холидеј Ин.
  • Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цена.
  • Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1евро=62мкд).
  • За уплата на две смени, одобруваме 10% попуст на втората смена.Напомена: понудата важи само за редовните цени.
  • Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе(на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира)
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во редовниот ценовник. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
  • Сместување во собите е по 14часот по локално време, а напуштање на истите е во 09часот.
  • Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки, важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупната сума на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши 7 дена пред поаѓање.
  • Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање. Ве молиме минмум 24 часа (еден ден) пред секое поаѓање да се информирате за потврда за времето и местото на поаѓање.
  • По завршувањето на Вашето летување должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Сопствениците на вилите го задржуваат правото, во случај на причинета материјална штета за време на престојот, да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
  • Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте на плажа или надвор од собата
  • Секој патник има  обврска и е задолжен да води грижа за важноста на патните исправи, поради кои НЕ можаe да откаже аранжман или да се промени термин на резервацијата.
  • –  Доплата за туристичка такса – околу 0.50€ од соба од ноќ (се плаќа во самиот објект);

Доплата за превоз:

  • Превоз за возрасен 50 евра/ Еден правец 35 евра
  • деца до 12години 40 евра / Еден правец 25 евра

Дете до 2 години (без седиште) – бесплатно