Вила ” Teo ” – Крф 2018

640

 

 

ВИЛА ТЕО (Ипсос/Пирги)

Вилата Тео се наоѓа на само 130 метри од плажата, опкружена со зеленило, во мирниот дел на Ипсос, сокриена од градскиот метеж. На неколку метри од вилата, се наоѓа и ресторанот „Бонита“, кој е на истиот сопственик.

Вила Тео располага со 14 двокреветни соби (од кои седум соби се на првиот кат, седум на високо приземје), две четирикреветни соби (на високо приземје) со вифи интернет. Секоја соба има мини кујна, опремена со основен прибор, мал фрижидер, решо, аспиратор, тоалет, тераса, ТВ и вентилатор. Вилата не е климатизирана. Во склоп на вилата има и мала рецепција каде интернет конекцијата е најдобра.

 

НАПОМЕНИ:

  • Цените се однесуваат на едно лице за7 ноќевања и автобуски превоз
  • Во цената не е вклучена ЗАДОЛЖИТЕЛНА доплата за траект на релација Игуменица-Крф-Игуменица од 15 евра кои се плаќаат на денот на тргнувањето во автобус.
  • Во цената на аранжманот не е вклучена ЗАДОЛЖИТЕЛНАТА воведена туристичка такса од 4 евра по лице за целиот престој. Се плаќа во автобус.
  • Патничко осигурување – Може да се купи во агенцијата (5 евра за целиот престој) или од друго место, но мора да се донесе потврда дека постои.
  • Можност за плаќање: За да направите резервација, потребно е уплата од 30% од сумата, а остатокот треба да биде исплатен во целост на 10 дена пред тргнување. Можност за уплата директно во агенцијата, во готовo, со кредитна картичка, трансакциска сметка
  • За првите три и последните три термини, не се одземаат 20 евра за сопствен превоз, туку се плаќа целата сума на аранжманот.
  • Засингл соба се доплаќа плус 70% од редовната цена поради вториот кревет.
  • Доколку сакате да споите термин, се плаќа редовата цена за вториот термин, а се одземаат 20 евра за превозот од редовната цена. Не важи за првите три и последните три промо термини каде се плаќа вкупната сума на дадениот промо попуст.
  • Тргнувањето со автобус е еден ден порано во однос на термините од табелата.
  • Седиштата се нумерирани по редоследот на уплатите. Можност за бирање на седишта со доплата од 5 евра (освен првите две).
  • Цена само за превоз45 евра со доплата од 15 евра за траект – во два правци
  • За сопствен превоз се одземаат20 евра од цената на понудата, а патниците сами го организираат патот со траектот до и од Крф.
  • ПЛАЌАЊЕ ЗА ДЕЦА:
    • Дете од 0 до 3 години не плаќа и дели кревет со возрасен
    • Дете од 3 до 12 години на класичен кревет плаќа 70% од цената на аранжманот, плус 15 евра за траект и 4 евра туристичка такса

    ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ:

    • Check in во собите е после14h по грчко време
    • Check out е до09h. Багажот се остава во дел предвиден за куфери, кое го одредува персоналот кој ја чисти вилата
    • Секој патник има право на еден голем куфер или торба и рачен багаж
    • Четворокреветните соби се со две посебни спални соби и тераси, одвоена трпезарија со кујна и одвоен тоалет.
    • Чистењето на собите е на четвртиот ден, а гостите се задолжени да се грижат за хигиената и редот во вилата за време на престојот
    • Ве замолуваме да се придржувате кон пропишаните часови за излегување и влегување од вилата на последниот ден. Собите треба да се чистат за да може да се смести групата која доаѓа.
    • Вилата има интернет, но не гарантираме за квалитетот и брзината за истиот
    • Не постои можност за додавање на трет дополнителен кревет во студијата