Вила “Kerasioti” – Пефки, Евиа 2020

423

ВИЛА КЕРАСИОТИ – Евиа, Пефки

 Евиа е најголем остров во Егејското море и втор по големина Грчки остров (после Крит)Главниот град Халкида се наоѓа на средишниот дел на островот, поврзан е со копното со мост, одалечен од Атина околу 90км. Островот е со должина од 180км, а ширина од 6 до 45км.

Пефки е едно од најпознатите и омилени места за одмор на северниот дел ос островот. Со своето скоро 4км долго шеталиште и плажа, зеленило и природни сенки, темно сината боја на морето е идеално место за оноие кои сакаат вистински да се одморат. Во Пефки може да купите штотуку уловена риба или морски плодови, квалитетно маслиново масло и маслинки. Вашиот одмор во Пефки збогатете го со некој излеттермалните бањи во Едипсос, Атина, крстарење до Скијатос, Вулканските острови (Lihadonisias)…

 Вилите немаат сопствен паркинг. Може да паркирате во непосредна близина на објектите.

Секоја вила има интернет. Агенцијата не сноси одговорност за брзината на интернетот, слабиот сигнал  или технички проблеми и пречки кои може да се појават.

Вилата се наоѓа во центарот на Пефки во прва линија на сама плажа. Во приземјето на вилата се наоѓа Пефки Tравел  како и Керасиоти кафетеријата, а собите се на прв спрат. Вилата е комплетно реновирана во 2017 год. И располага со апартмани и студија. Апартманите се за 5 лица со комплетно опремена кујна и посебна спална, клима, тв, тераса. Студијата за 4 лица се со поглед кон дворот и се со брачен кревет и два единечни и се опремени со кујна, клима, тв, тераса.

Цените се по лице (7 ноќевања со превоз), трето и четвтро лице гратис во студио,

трето, четврто и петто лице гратис во апартман!!!

* За патување со сопствен превоз од цената се намалува 30 евра по лице.

Доплата за превоз:

55 евра за возрасни

40 евра за деца до 12 години

*За уплатени два едноподруго аранжмани 7+7 одобруваме 10% попуст на вториот аранжман.

*Во студио/апартман е дозволено сместување на лица во согласност со предвидениот број на кревети, преку дозволениот капацитет може да се смести само едно дете до 6години.

*Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.

*Во цената не е вклучена туристичка такса која се плаќа на лице место при сместување.

*Во цената не е вклучено патничко здравствено осигурување.

  • При промена на цената ( зголемување или намалување на истата) нема да се менува веќе договорената услуга.
  • При отказ на аранжман уплатен со попуст, важат условите за отказ согласно редовниот ценовник и општите услови за патување.
  • Доколку се прави промена на термин уплатен со попуст, новиот договор се калкулира согласно редовниот ценовник – се губи правото на попуст.
  • Попустот за рана уплата и попустот 7+7 не може да се комбинираат.

НАПОМЕНА

  • Превозот се извршува со автобус или минибус согласно пријавените патници и оди до соодветното место каде може да застане според локалните сообраќајни услови,
  • Организаторот не  гарантира превоз до самиот објект на сместување,
  • Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот.
  • попустот за рана уплата важи само за плаќање во готово и за целосна уплата