Вила ” Konaki и Galeri ” – Aмулијани 2020

296

Куќа „Конаки и Галери” – Амулијани

Амулијани е прекрасен мал остров на Егејското море , и е единствен населен во северниот дел на Грција.Со големина од 4,5км2 изобилува со прекрасни плажи: Аликес, Агиос Георгиос, Мегалиамос, Карагација и многу мали заливи за оние кои сакаат да уживаат во интимата.

Лоциран е во заливот на планината Атос, и доминира зелената боја, со маслинови полиња…
Мирно место, го препорачуваме за семејства и парови кои сакаат вистински одмор. Местото е полно со таверни, бутици, кафе барови и продавници.
Всушност, отпатувајте заедно за нас и вратете се со свои впечатоци од ова мало, извонредно место, се надеваме дека ќе уживате во неговите убавини.
Куќите „Конаки“ и „Галери“ со лоцирани на околу 200 метри од пристаништето и во центарот на неповторливото, автентично селце Амулијани, една наспроти друга. Двете содржат двокреветни, трикреветни и четирикреветни студија. Секое од нив е со комплетно опремена кујна, ТВ, сопствен тоалет, клима и интернет вклучени во цената. Веднаш до нив има слободен простор за паркинг, како и маркети, таверни. Предноста кај куќа „Галери“ е што има мал двор со маси, столови и скара за гостите, а куќа Конаки“ има големи тераси.

Напомени и услови:

  • Цените во табелите се објавени во евра, плаќањето на аранжманот е исклучиво во денари, по курс 1 евро = 62 мкд.
  • Вонсезонските цени се дадени (објавени) по лице за 7 или 10 ноќевања со вклучен автобуски превоз. Плаќаат најмалку две лица. за патниците кои нема да го користат превозот од цената се одбива 20 евра од целосната-вкупната сума
  • Сезонските цени се дадени (објавени) за наем на цело студио или апартман за 9 ноќевања, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа:
    За возрасни 2.790 мкд. (45 евра)
    За деца до 12 години 1.860 мкд. (30 евра)
    Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште
  • Тргнувањето од Скопје е во 3 часот наутро (на паркингот спроти хотел „Холидеј ин“) а состанок на групата е во 2:30 минути. Тргнувањето од Грција е од место и време кои се договараат со придружникот-пратител на групата.
  • Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.
  • За сигурна резервација се прифаќа исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 7 дена пред започнување на аранжманот. Кој било друг начин на резервација (усно, телефонски или слично) е неважечки.
  • При резервирање на одбраниот објект, ве молиме да приложите копии од пасоши на сите патници кои ќе престојуваат во истиот.
  • Преземањето на собите започнува најрано во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин.
  • Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.
  • Единствено е дозволено сместување на едно дете до 2,99 години над бројот на кревети во секое студио или апартман
  • Агенцијата организира превоз со придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот
  • Клиентите кои не користат огранизиран превоз од агенцијата, т.е. оние кои патуваат со сопствен превоз се сместуваат индивидуално во собите, истите ги молиме да побараат точни информации за локација на сместувачките капацитети во нашите канцеларии.
  • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.
  • Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот
  • Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Одлуката за доплата на клима-уред, интернет и слично, кај одредени сместувачки капацитети е на сопствениците на објектите,
  • Агенцијата не може да гарантира стабилност , брзина или коректност на интеренет врската во било кој објект од целата понуда .
  • Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.
  • Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. „Игуана“ и на самата агенција.

За овој аранжман важат Општите услови за патување на агенциите членки на СКТМ и Т.А.ВеснаТурс

Слики Вила Конаки

Слики Вила Галери