ЛАГАНАС – место за забава
Лаганас е место каде забавата не застанува. Со бројните клубови по главната улица, нејзината околина и плажите, местото е рај за забава. Големата песочна плажа од 9 километри дава голем избор за уживање. Островот е прилично мал, па така сите плажи се близу како Дафни, Агиос Николаус и Банана Бич. Најпозната е плажата Навагио или Shipwreck на која се наоѓаат остатоци од стар пиратски брод, а морето е како од бајка.
Плажите на Закинтос се познати по својата природна убавина и препознатливата смарагдна боја на водата. Најпозната е Навагио, која има бел, мек песок, тиркизно море, импресивна карпа која може да се посети само со брод. Останатите прекрасни плажи на Закинтос се Геракос, Агиос Николаус и Спанзиа.
Вила Корали – Лаганас
Вила Корали се наоѓа на идеална локација во Лаганас, на околу 50м од плажата и на 2 минути пешачење од главната улица и сите случувања. Во близина на вилата има маркет, како и барови на плажата. Вилата е поделена на 2 блока кои имаат посебни влезови. Има двокреветни, трокеветни и четворокреветни апартмани. Сите соби имаат кујна со решо и фрижидер, како и можност за изнајмување на клима, додека користење на сеф е вклучено во понудата.
НАПОМЕНА: Понудата е по лице за 9 ноќевања и автобуски превоз. Доплата во автобус за траект 25€ по лице. На акциските цени нема одбивање за сопствен превоз.
ULTRA FIRST MINUTE до 15.03.2020
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
- 9 ноќевања во една од избраните вили, остров Закинтос
- Автобуски превоз на дадената релација
- Туристички придружник за време на патувањето
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
- Задолжителна доплата за траект 25 евра по лице (повратен) се плаќа во автобус
- Задолжително патничко осигурување 400 денари по лице
- Задолжителна доплата на туристичка такса 0.50 центи по соба од ден (се плаќа во автобус)
НАПОМЕНИ:
• Цените се однесуваат на едно лице за 9 ноќевања во една од избраните вили, автобуски превоз
• Задолжителна доплата за траект во двата правци 25 евра по лице – се плаќа во автобус
• Во цената на аранжманот не е вклучена ЗАДОЛЖИТЕЛНАТА туристичка такса од 0.50 центи по соба на ден.
• Патничко осигурување – Може да се купи во агенцијата (400 денари за целиот престој) или од друго место, но мора да се донесе потврда дека постои.
• Можност за плаќање: Можност за уплата директно во агенцијата, во готовo, со кредитна картичка, трансакциска сметка.
• За сингл соба се доплаќа плус 70% од редовната цена поради вториот кревет.
• За сопствен превоз се одземаат 20 евра само на редовните цени, а оние цени кои се на попуст не се одземаат.
• Тргнувањето со автобус е еден ден порано во однос на термините од табелата
• Седиштата се нумерирани по редоследот на уплатите. Можност за бирање на седишта со доплата од 10 евра (освен првите две).
•Доплата за клима 5 евра од ден по желба
•Агенцијата не гарантира за брзината и квалитетот на интернетот во вилите
•Со оваа програма важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА T.A. ВЕСНА ТУРС
ПЛАЌАЊЕ ЗА ДЕЦА:
- Дете од 0 до 3 години не плаќа и дели кревет со возрасен
- Дете од 3 до 12 години плаќаат 50% од сумата доколку се сместени со две возрасни лица
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ:
Тргнување во Скопје според дадениот датум во вечерните часови. Следува возење и попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Килини од каде се качуваме на траект до Лаганас. Сместување во апартманите. За време на престојот на Закинтос ќе има организирани програми: посети на најубавите плажи, ноќни забави, посета на пештери и крстарења. Последниот ден од престојот во најавено време одјавување од апармтаните и враќање во Македонија.