Вила ” Kostas “- Неа Потидеа 2018

694

ВИЛАТА “KOSTAS” СЕ НАОЃА ВО НЕА ПОТИДЕА НА САМA  ПЛАЖА (ПРВ РЕД)

НЕА ПОТИДЕА E ПРВОТО ЛЕТУВАЛИШТЕ НА ПРВИОТ КРАК – КАСАНДРА ВО ОБЛАСТА ХАЛКИДИКИ. ВИЛАТА  KOSTAS  ИЗЛЕГУВА НА НАЈУБАВИОТ ДЕЛ ОД ПЛАЖАТА ВО НЕА ПОТИДЕА.

НЕА ПОТИДЕА ИМА НАЈШИРОКА ПЛАЖА И НАЈЧИСТО МОРЕ ОБЕЛЕЖАНО СО СИНО ЗНАМЕ ЗА ЧИСТОТАТА НА ВОДАТА. ИДЕАЛНО МЕСТО ЗА ОДМОР, ПЛИВАЊЕ, ДЕТСКИ ЗАНИМЛИВОСТИ И РЕКРЕАТИВНО-ЗАБАВНИ СОДРЖИНИ.

СВЕЖАТА НАЈВКУСНА И РАЗНОЛИЧНА МОРСКА ХРАНА СЕ ИДЕАЛНИОТ  ИЗБОР  ЗА РУЧЕК ИЛИ ВЕЧЕРА НЕ САМО ЗА ТУРИСТИТЕ ТУКУ И ЗА ЛОКАЛНИТЕ ЖИТЕЛИ. ГОЛЕМ БРОЈ НА ТАВЕРНИ И РЕСТОРАНИ СЕ ЛОЦИРАНИ НА  ШЕТАЛИШТЕТО ПРЕПОЗНАТЛИВИ ПО ВКУСОТ И ТРАДИЦИЈАТА ПОВИКУВАЈЌИ ВЕ ЗА ПОВТОРНО ДОАЃАЊЕ.

ЦЕНИТЕ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА СТУДИО, АПАРТМАН ИЛИ ДУПЛЕКС

ЦЕНИТЕ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА СТУДИО, АПАРТМАН ИЛИ ДУПЛЕКС

– Цените за термините: 20.05 ; 27.05 и 16.09 (означени со звездичка во табелата) се за наем на студио или дуплекс за минимум 2 лица, со задолжителна доплата за превоз 35 € по лице;

– Во дуплексотза термините со звездичка  минимум е  3 лица, трето лице задолжително плаќа  35 € без разлика дали користи превоз или не; Четврто лице плаќа  само превоз – доколку користи

ДОПЛАТА ЗА ПРЕВОЗ:

35 € за возрасни – повратна карта;

25€ за деца до 12 години – повратна карта;

Деца до 02 години бесплатно – не користи седиште

ТУРИСТИЧКА ТАКСА СЕ НАПЛАЌА ВО АГЕНЦИЈАТА И ИЗНЕСУВА 0.5€ ОД ДЕН ПО СОБА

 

КОРИСТЕЊЕТО НА КЛИМА УРЕДОТ, WI-FI  (Е БЕСПЛАТНО); 

 

ВИЛА КОСТАС   
ОПИС НА СТУДИЈА И ДУПЛЕКС

I кат
ДУПЛЕКС БР.1  (1/2+1/2)  4 ЛИЦА
Дуплексот располага со две спални соби, кујна и купатило со WC. Во  едната спалната соба има два поединечни кревети,клима уред и излегува на тераса. Во другата спална соба има два поединечни кревети, клима уред и излегува на тераса. Пред кујната има плакари за алишта. Кујната е комплетно опремена со кујнски инвентар, фрижидер, аспиратор и решо. Дуплексот е опремен со стандардно купатило и вц.

СТУДИО БР.2  (1/3)  3 ЛИЦА – ПОГЛЕД НА МОРЕ

Студиото располага со еден дупол кревет и еден поединечен кревет, плакар за алишта, клима уред, тв. Во склоп на истата соба е и кујната , која е комплетно опремена со кујнски инвентар, фрижидер, аспиратор и решо. Студиото е опремено со стандардно купатило и вц. Од студиото се излегува на комотна тераса со маса и 3 столици со директен поглед на море.

СТУДИО БР.3 (1/3)+1 3ЛИЦА+1 – ПОГЛЕД МОРЕ

Студиото располага со еден дупол кревет и еден поединечен кревет, има можност и за дополнителен кревет на расклопување, плакар за алишта, клима уред, тв. Во склоп на истата соба е и кујната, која е комплетно опремена со кујнски инвентар, фрижидер, аспиратор и решо. Студиото е опремено со стандардно купатило и вц. Од студиото се излегува на комотна тераса со маса и 4 столици со директен поглед на море.

Високо приземје
СТУДИО БР.8 (1/3) 3 ЛИЦА
Студиото располага со три поединечни кревети, плакар за алишта, клима уред, тв. Во склоп на истата соба е и кујната, која е комплетно опремена со кујнски инвентар, фрижидер, аспиратор и решо. Студиото е опремено со стандардно купатило и вц. Од студиото се излегува на комотна тераса со маса и 3 столици и поглед во градина.