Вила “Kristina “- Закинтос 2020

161

ЛАГАНАС – место за забава

Лаганас е место каде забавата не застанува. Со бројните клубови по главната улица, нејзината околина и плажите, местото е рај за забава. Големата песочна плажа од 9 километри дава голем избор за уживање. Островот е прилично мал, па така сите плажи се близу како Дафни, Агиос Николаус и Банана Бич. Најпозната е плажата Навагио или Shipwreck на која се наоѓаат остатоци од стар пиратски брод, а морето е како од бајка.

Плажите на Закинтос се познати по својата природна убавина и препознатливата смарагдна боја на водата. Најпозната е Навагио, која има бел, мек песок, тиркизно море, импресивна карпа која може да се посети само со брод. Останатите прекрасни плажи на Закинтос се Геракос, Агиос Николаус и Спанзиа

Вила Кристина – Лаганас

Вилата Кристина се наоѓа во Лаганас на мирна улица, оддалечена 150 метри од главната улица, и на 5 минути од плажата. Вилата има двокреветни и трокреветни соби и секоја има кујнски дел со решо и фрижидер, како и заедничка тераса. Некои од студијата имаат можност за изнајмување на клима со доплата, а користењето на сеф е вклучено во цената на аранжманот. Покрај вилата има маркет, а за љубителите на електронската музика во близина се наоѓа и клубот club Ocean Inn.

ULTRA FIRST MINUTE до 15.03

НАПОМЕНА: Понудата е по лице за 9 ноќевања и автобуски превоз. Доплата во автобус за траект 25€ по лице. На акциските цени нема одбивање за сопствен превоз.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • 9 ноќевања во една од избраните вили, остров Закинтос
  • Автобуски превоз на дадената релација
  • Туристички придружник за време на патувањето

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Задолжителна доплата за траект 25 евра по лице (повратен) се плаќа во автобус
  • Задолжително патничко осигурување – инфо во агенција
  • Задолжителна доплата на туристичка такса 0.50 центи по соба од ден (се плаќа во автобус)

НАПОМЕНИ:
• Цените се однесуваат на едно лице за 9 ноќевања во една од избраните вили, автобуски превоз
• Задолжителна доплата за траект во двата правци 25 евра по лице – се плаќа во автобус
• Во цената на аранжманот не е вклучена ЗАДОЛЖИТЕЛНАТА  туристичка такса од 0.50 центи по соба на ден.
• Патничко осигурување – Може да се купи во агенцијата  или од друго место, но мора да се донесе потврда дека постои.
• Можност за плаќање: Можност за уплата директно во агенцијата, во готовo, со кредитна картичка, трансакциска сметка.
• За сингл соба се доплаќа плус 70% од редовната цена поради вториот кревет.
• За сопствен превоз се одземаат 20 евра само на редовните цени, а оние цени кои се на попуст не се одземаат.
• Тргнувањето со автобус е еден ден порано во однос на термините од табелата
• Седиштата се нумерирани по редоследот на уплатите. Можност за бирање на седишта со доплата од 10 евра (освен првите две).
•Доплата за клима 5 евра од ден по желба
•Агенцијата не гарантира за брзината и квалитетот на интернетот во вилите
•Со оваа програма важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА T.A. ВЕСНА ТУРС 

ПЛАЌАЊЕ ЗА ДЕЦА:

  • Дете од 0 до 3 години не плаќа и дели кревет со возрасен
  • Дете од 3 до 12 години плаќаат 50% од сумата доколку се сместени со две возрасни лица

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ:

Тргнување во Скопје според дадениот датум во вечерните часови. Следува возење и попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Килини од каде се качуваме на траект до Лаганас. Сместување во апартманите. За време на престојот на Закинтос ќе има организирани програми: посети на најубавите плажи, ноќни забави, посета на пештери и крстарења. Последниот ден од престојот во најавено време одјавување од апармтаните и враќање во Македонија.