Вила ” Statis ” – Крф 2018

751

 

ВИЛА СТАТИС (Ипсос)

На само 13 метри од плажата, на самата средина на Ипсос се наоѓа вилата Статис. На 10 метри од неа се наоѓа најповолниот супермаркет во тој дел на островот. Вилата располага со сопствен ресторан и се состои од седум двокреветни соби кои се наоѓаат на првиот кат, од кои терасите на две студија имаат директен поглед на море, терасите од две студија имаат страничен поглед на море, а три немаат. Сите соби имаат два единечни кревета, но постои можност за спојување.

Сите соби се во класичен грчки стил, мини кујна, тоалет, мала тераса и клима со доплата по желба. Сите кујни се одделени со столб од делот за спиење. Мини кујните располагаат со мал фрижидер, решо, аспиратор и основен кујнски прибор. Вилата располага со вифи интернет.

Вилата располага со заедничка тераса за сите гости со директен поглед на море, каде и интернет конекцијата е најсилна.

НАПОМЕНИ:

  • Цените се однесуваат на едно лице за7 ноќевања и автобуски превоз
  • Во цената не е вклучена ЗАДОЛЖИТЕЛНА доплата за траект на релација Игуменица-Крф-Игуменица од 15 евра кои се плаќаат на денот на тргнувањето во автобус.
  • Во цената на аранжманот не е вклучена ЗАДОЛЖИТЕЛНАТА воведена туристичка такса од4 евра по лице за целиот престој. Се плаќа во автобус.
  • Патничко осигурување – Може да се купи во агенцијата (5 евра за целиот престој) или од друго место, но мора да се донесе потврда дека постои.
  • Можност за плаќање: За да направите резервација, потребно е уплата од 30% од сумата, а остатокот треба да биде исплатен во целост на 10 дена пред тргнување. Можност за уплата директно во агенцијата, во готовo, со кредитна картичка, трансакциска сметка.
  • За првите три и последните три термини, не се одземаат 20 евра за сопствен превоз, туку се плаќа целата сума на аранжманот.
  • Засингл соба се доплаќа плус 70% од редовната цена поради вториот кревет.
  • Доколку сакате да споите термин, се плаќа редовата цена за вториот термин, а се одземаат 20 евра за превозот од редовната цена. Не важи за првите три и последните три промо термини каде се плаќа вкупната сума на дадениот промо попуст.
  • Тргнувањето со автобус е еден ден порано во однос на термините од табелата.
  • Седиштата се нумерирани по редоследот на уплатите. Можност за бирање на седишта со доплата од 5 евра (освен првите две).
    • Цена само за превоз45 евра со доплата од 15 евра за траект – во два правци
    • За сопствен превоз се одземаат20 евра од цената на понудата, а патниците сами го организираат патот со траектот до и од Крф.

    ПЛАЌАЊЕ ЗА ДЕЦА:

    • Дете од 0 до 3 години не плаќа и дели кревет со возрасен
    • Дете од 3 до 12 години на класичен кревет плаќа 70% од цената на аранжманот, плус 15 евра за траект и 4 евра туристичка такса

    ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ:

    • Check in во собите е после14h по грчко време
    • Check out е до09h. Багажот се остава во делот кој го предвидува персоналот задолжен за чистење на вилата.
    • Секој патник има право на еден голем куфер или торба и рачен багаж
    • Климата во вила Статис е опционална и се доплатува 5 евра од ден на лице место
    • Чистењето на собите е на четвртиот ден, а гостите се задолжени да се грижат за хигиената и редот во вилата за време на престојот
    • Ве замолуваме да се придржувате кон пропишаните часови за излегување и влегување од вилата на последниот ден. Собите треба да се чистат за да може да се смести групата која доаѓа.
    • Вилата има интернет, но не гарантираме за квалитетот и брзината за истиот
    • Во вила Статис не постои можност за додавање на дополнителен кревет