Вила ” Lakis Pool ” – Ипсос Крф

887

Lakis Pool (Villa Escape)

Вилата Lakis Pool се наоѓа на околу 700 метри од плажата во Ипсос во близина на хотелите Corfu Secret и San Marco. Вилата претставува совршен спој на природата, мирот и прекрасниот поглед од височина кон Ипсос. Далеку од бучавата и градската гужва, можете да уживате во пријатната атмосфера крај базенот и барот достапен само за гостите на оваа вила. Вилата располага со двокреветни соби и апартмани. Сите соби имаат мини кујна, фрижидер, решо, прибор за соодветниот број на лица, тоалет, тераса, клима (со доплата по желба 5 евра од ден)  и интернет.  За секој гостин следува по еден пешкир, додека основните лични средства за хигиена (шампон, сапуни, како и сунгерчиња, сјај за садови и тоалетна хартија) се ваша одговорност.

ВО ПРОДОЛЖЕНИЕ ТАБЕЛА СО ТЕРМИНИ И ЦЕНИ
ПОПУСТИ на акциите со уплата на 30% до 15.04..2019
Понудата е по лице за 7ноќевања и автобуски превоз. Доплата во автобус за траект 18€ по лице. На акциските цени, нема одбивање за сопствен превоз. 

7 ноќи + превоз Lakis Pool (Vila Escape)  
Термин Тип соба Редовна АКЦИИ СЛОБОДНИ МЕСТА
01.06-08.06 1/41/2 105€114€ 69€75€
08.06-15.06 1/41/2 114€125€ 79€85€
07.09-14.09 1/41/2 124€134€ 79€99€

НАПОМЕНИ:
• Цените се однесуваат на едно лице за 7 ноќевања и автобуски превоз
• Во цената не е вклучена ЗАДОЛЖИТЕЛНА доплата за траект на релација Игуменица-Крф-Игуменица од 18 евра по лице ако користите наш превоз и се плаќаат на денот на тргнувањето во автобус.
• Во цената на аранжманот не е вклучена ЗАДОЛЖИТЕЛНАТА  туристичка такса од 0.50 центи по соба на ден. Се плаќа во автобус.
• Патничко осигурување – Може да се купи во агенцијата (5 евра за целиот престој) или од друго место, но мора да се донесе потврда дека постои.
• Можност за плаќање: Можност за уплата директно во агенцијата, во готовo, со кредитна картичка, трансакциска сметка.
• За сингл соба се доплаќа плус 70% од редовната цена поради вториот кревет.
• Возрасен на дополнителен кревет плаќа 70% од сумата на аранжманот, плус 18 евра за траект
• Доколку сакате да споите термин, на цените кои веќе се на попуст се плаќаат двете цени без одземање за превоз.
• За сопствен превоз се одземаат 20 евра само на редовните цени, а оние цени кои се на попуст не се одземаат.
• Тргнувањето со автобус е еден ден порано во однос на термините од табелата, а превозот се одвива преку граничниот премин Меџитлија (Битола)
• Седиштата се нумерирани по редоследот на уплатите. Можност за бирање на седишта со доплата од 5 евра (освен првите две).
• Цена само за превоз 50 евра со доплата од 18 евра за траект – во два правци.
•Во собите можат да престојуваат онолку лица колку што платиле за престојот во собата.
•Доколку странката сака да донесе домашно милениче во сместувачките капацитети, должна е да ја праша агенцијата дали е дозволено сместување на миленичињa.

ПЛАЌАЊЕ ЗА ДЕЦА:

  • Дете од 0 до 3 години не плаќа и дели кревет со возрасен
  • Дете од 3 до 12 години на класичен кревет плаќа 70% од цената на аранжманот, плус 18 евра за траект
  • Дете од 3 до 12 години на дополнителен кревет плаќа 50% од цената на аранжманот и плус 18 евра за траект.

ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ:

  • Check in во собите е после 14h по грчко време
  • Check out е до 09h. Багажот се остава во дел предвиден за куфери.
  • Секој патник има право на еден голем куфер или торба и рачен багаж
  • Чистењето на собите е на четвртиот ден, а гостите се задолжени да се грижат за хигиената и редот во вилата за време на престојот
  • Ве замолуваме да се придржувате кон пропишаните часови за излегување и влегување од вилата на последниот ден. Собите треба да се чистат за да може да се смести групата која доаѓа.
  • Вилата има интернет, но не гарантираме за квалитетот и брзината за истиот