Вила ” Litca ” – Неа Флогита 2018

707

Неа Флогита е прекрасно место кое лежи на западниот брег на Халкидики, на само 50 км. Од Солун. Богата е со зеленило и има долга и пространа песочна плажа, која е одделена од градот со прекрасен парк, барови на плажа, таверни и секако тиркизно бистрото море. Местото пружа фантастичен поглед на заливот Термиакос и при ведро време, на планината Олимп. Со лесна прошетка може да се стигне до Дионисиос или Неа Плагиа, со кои Флогита практично е споена. Во последните 10 години Флогита се преобратува во вистинско монденско место омилено како од младите така и од повозрасните генерации. Вистинско место за активен одмор!

Вила Литца е лоцирана во центарот на Неа Флогита, во близина на вила Корфу, и на околу 70 м. од плажата. Располага со   1/5  апартман , простран , модерно дизајниран, со комплетно опремена кујна, WC, клима (вклучена во цената), и пространа тераси wi-fi -(вклучена во цената)

Услови под кои важи аранжманот

Цените СО * се однесуваат за 7 ноќевања по лице со вклучен превоз, за минимум две лица во студио/апартман. (Трето, четврто и пето лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, а плаќаат само превоз.

Цените БЕЗ * се однесуваат за наем на  студио/апартман за 7 ноќевања без вклучен превоз.

Во цената на аранжманот Е вклучено користењето на клима уредот.

За хигиената во апартманите во текот на престојот се грижат самите корисници.

Во секе студио/апартмазн има комплетно опремена кујна за онолку лица за колку што е наменето студиото/апартманот.

Постелнината во студијата/апартманите се менува еднаш за време на престојот.

Сместувањето во студијата/апартманите е најдоцна до 14 часот по локално време, а напуштањето на истите е во 10 часот по локално време.

Цената е изразена во евра, а плаќањето е во денарска противвредност од 1€ = 62,00 денари.

При користење на сопствен превоз, цената на пакет аранжманите се намалува за 10 €.

 Цена на превоз на релација СкопјеХалкидикиСкопје изнесува:

  • возрасни: 35 €
  • деца од 2 до 12 години: 25 €

– Доплата за туристичка такса 0,5 € – 1 € по соба на ден (се плаќа во објектот)