Вила ” Mарко “- Будва 2021

47

Будва е приморски град во Црна Гора. Центар е на општината Будва и има 13,338 жители. Брегот околу Будва, наречен Будванска ривиера, е центарот на туризмот во Црна Гора и е добро познат по неговите песочни плажи, богат ноќен живот и прекрасни градби во стилот на средоземноморската архитектура.

Будва е град стар околу 2 500 години, што го прави еден од најстарите населени места на брегот на Јадранското Море. Некогаш мал и тивок крајбрежен град, денес, Будва е метропола на црногорскиот туризам и еден од најгласните и преполни градови на црногорското приморје во текот на летото. Неговиот живот започна на теренот пред два и пол милениуми и се излеа од бедемите кон луксузни јахти, нови згради, ресторани, барови и ноќни клубови каде ве чека неверојатна забава. Вечерта, на шеталиштето покрај плажата ќе ве обземе гласната музика што доаѓа од кафулињата, смеата и врисоците на децата од блиските забавни паркови, мирисот на морето измешан со арома на вкусна скара и греди светло од дискотеката што шета низ небото. Будва е големо светлосно шоу.

Се чини дека Будва води двоен живот – едниот во стариот, а другиот во новиот дел на градот. Се граничи со високи бедеми и украсен со архитектура, доминантно венецијанско, Стариот град чува историски и културни богатства – римска некропола и олтар, антички столбови, претхристијанска базилика и многу цркви.

Вила Марко

Вила Марко се наоѓа на 300м од словенската плажа, една од поновите вили во Будва со одлична локација и голем двор со фурна за скара. Секоја од собите има ТВ, клима (вклучена во цената), интернет и посебно купатило. Собите немаат кујна но може да ја користат заедничаката кујна која се наоѓа на првиот спрат. Собите се наоѓат на приземје, втор и трет спрат. Во секоја од собите има пешкири, сапун, шампон и фен за коса.Вилата е од А категорија, односно 3*** според официјална класификација. Цените се за наем на соба. Туристичка такса е вклучена во цената.

                                        Цената е за наем на студиа

10% попуст до 20.03 за целосна уплата во готово
Попустот не важи доколку плаќањето е на рати 

Во цената на аранжманот е вклучено:
– Наем на студио за 2,3 или 4 лица за 7 ноќи
– Туристичка такса
– Користење на клима

Во цената на аранжманот не е вклучено:

Доплата за превоз  40 €/ за деца од 2.99 до 11.99 години 30 €
– Патничко осигурување
– Индивидуални трошоци

Напомени:

-10% попуст за целосна уплата во готово до 20.03.2021/ Попустот не важи доколку плаќате на рати

-Поаѓање од Скопје од Хотел Вип еден ден пред наведените датуми во табелата во 23:00 ч.

-Поаѓање од Будва во 23:00 ч.

-Користењето на собите започнува првиот ден од 14:00 часот, а се напуштаат последниот ден до 10:00 часот (багажот се остава во просторија, предвидена за куфери)

-Цените се дадени за наем на соба во евра, плаќањето е во денари (1 еур = 62 мкд.)

-Во собите можат да престојуваат онолку лица колку што платиле за престојот во собата

-Во текот на престојот гостите се грижат самите за хигиената, а ги добиваат собите чисти

-Во собите има пешкири, сапун, шампон и фен за коса.

-Сите настанати штети за време на престојот се на товар на патникот

-Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.

-За време на патувањето во автобус задолжително е носење на заштитна маска

-За ова патување важат општите услови за патување на  Т.А.ВЕСНА ТУРС