Вила ” Magnolija ” – Крф 2020

130
                                  ВИЛА МАГНОЛИЈА – ИПСОС 

Вилата Магнолија се наоѓа на 25 метри од плажата во Ипсос, додека студијата Магнолија се наоѓаат на 55 метри од плажата, сокриени од градскиот метеж, а сепак блиску до шеталиштето.

Вилата Магнолија располага со три објекти, од кои две се посебни куќи со можност за сместување на четири лица. Секој објект има две посебни спални, посебна кујна и трпезарија. И двете куќи имаат голем и убав двор исполнет со зеленило, како и приватен паркинг.

Студио Магнолија (Елени) располага со шест студија (двокреветни соби) и можност за трет дополнителен кревет. Секоја соба има кујна одвоена од делот за спиење, која е опремена со основен прибор, трпезариска маса, интернет.

Понудата е по лице за 7 ноќевања и автобуски превоз. Доплата во автобус за траект 18 € по лице. На акциските цени нема одбивање за сопствен превоз.