Вила ” Marija ” – Јерисос 2018

653

Вилата „Maria“ се наоѓа на само 80 од плажата во централниот дел на Јерисос, на третиот крак Атос. Апартманите се наоѓаат на прв и на втор спрат од вилата. Сите  имаат  опремени кујни кои се целосно издвоени од спалните соби и имаат прозор, телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Дел од сместувачките капацитети имаат тераси со поглед во дворот на вилата, а останатите се со поглед на улица. Сите тераси се заштитени со тенди. Гостите можат секојдневно да се одмараат во дворот на вилата кој е опремен со пластични маси и да ја користат скарата. Сите сместувачки капацитети имаат постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. Во непосредна близина на вилата има простор за паркирање на возила.

  • Цените  во табелата се однесуваат за наем на цело студио за 10 или 7 ноќевања без вклучен превоз
  • Во студијата е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети
  • Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време
  • Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс  62 денари!
  • Организиран превоз Скопје-Кавадарци-Јерисос
  • Тргнување од Скопје во 04.00 часот
  • Цена на повратен билет –35 евра;деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 год.-25 евра