Вила ” Mihail ” – Пефки 2018

959

 

Eвиа е втор најголем остров во Грција. Одалечен од Скопје околу 490 км. Островот е долг 180км, главен град  Халкида во чија близина се наоѓа мост кој го поврзува островот со копно. Од Атина е оддалечено 80км. Островот Евиа е омилена дестинација на локалното население. Се одликува со долги песочни плажи, поволни климатски услови, богата флора и фауна, многу борова шума, бројни термални извори и археолошки наоѓалишта. Најпопуларното туристичко место е Пефки кое се наоѓа на северната страна на островот.Пефки  се протега на 4км долга и широка песочно-каменеста плажа со поглед на Скијатос. Се одликува со кристално чисто море, мало градско пристаниште, шеталиште со голем број на ресторани, таверни, кафе барови. Пефки е место за вистински одмор.

ВИЛА МИХАИЛ

Вила Михаил се наоѓа во центарот на Пефки на самото градско шеталиште и плажа. Располага со 1/3 студија и 1/5 апартмани кои се опремени со кујна (одвоена од спална), купатило, ТВ, тераса и клима уред. Аппартманите се со две спални соби (1/3+1/2) со кујна и имаат поглед море како и дел од 1/3 студија.

Во склоп на објектот има WI-FI интернет (за брзината и јачината на сигналот, Агенцијата не може да Ви гарантира со сигурност).

Напомена:

  • Цените со * се однесуваат на пакет аранжман по лице (7 ноќевања со вклучен превоз)

      –     30 евра за патување со сопствен превоз

  • Цените без * се однесуваат на наем на студио ( 7 ноќевања)
  • За уплатени два аранжмани 7+7 одобруваме 10% попуст на вториот аранжман
  • Во студио/апп дозволено е сместување на лица согласно предвидениот број на кревети. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6год. во кревет со родител
  • Цените се изразени во евра за уплата во денарска противредност ( 1 евро= 62ден.)
  • Во цената не е вклучено патничко-здравствено осигурување.
  •   Доплата за туристичка такса – околу 0.50€ од соба од ноќ (се плаќа во самиот објект);

 Паѓање за Пефки

Скопје 00 05 часот Дрводекор

Велес 00 : 45 часот ( Мотел Макеедонија )

Неготино 01 : 15  часот ( Бензиска Макпетрол )

Граничен премин 02:00 Часот ( бензиска пумпа Шимов )