Вила ” Meropi “- Калитеа 2019

453

Вила Меропи 

Калитеа е идеално место за патници кои сакаат да уживаат во кристалната чиста вода и белиот песок на плажата која скоро секоја година е наградувана со плаво знаменце. Сместена  е во прекрасна околина опкружена со борови дрва  и ви овозможува да уживаме во многубројните таверни, кафе барови, бутици, дискотеки и ноќни клубови. Ги привлекува туристите од сите околни места со што се вбројува во еден од најзабавните градови на Халкидики, а разновидните продавници и бутици нудат можност за шопинг интересен за туристите од сите возрасти.

ВИЛА МЕРОПИ е оддалечена од градската плажа околу 150 метри, се наоѓа веднаш до главната улица на Калитеа наспроти паркот. До плажа може да се стигне преку скалите кој го сечат паркот со поглед на море или пак по улицата која води до плажа од нејзината лева страна. Вилата располага со 8 трокреветни студија опремени со кујна, клима, телевизор, бесплатен wi-fi и мала тераса. Сите студија се со поглед кон друга вила.

*Цените се дадени по студио за 7 ноќевања без превоз

Доплата за превоз

35 евра за возрасни

25 евра за деца до 12 години

*за уплатени два или повеќе аранжмани одобруваме 7% попуст

*во студијата дозволено е сместување соглано бројот на кревети, а преку дозволенот број може да се смести само дете до 6 години 

*Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.

*Во цената не е вклучена туристичка такса која се плаќа на лице место при сместување.

*Во цената не е вклучено патничко здравствено осигурување.

* Цените се изразени во евра за уплата во денарска противвредност ( 1 евто=62 денари).