Вила ” Mersinis “- Неос Мармарас 2020

476

                                    Вила Mesinis – Неос Мармарас 2020

Вилата Mersinis“ во Неос Мармарас на вториот крак Ситонија има се што Ви е потребно за вистински одмор: комфорни апартмани, двор со зеленило, простор за скара и вечерни седенки, паркинг, преубава плажа, мир, спокојство…Вилата е комплетно изолирана од градската врева; лоцирана е на само 3 км пред влезот во Неос Мармарас, во непосредна близина на кампот Castello“ и е оддалечена само 2 км од прочуената Lagomandra Beach“. Совршена локација за летно уживање! Гостите кои ќе летуваат во вилата Mersinis“ ќе ја користат плажата на кампот Castello која се наоѓа на само 150 метри од вилата. Во кампот можете да пазарувате во мини маркетот. Доколку сте без сопствено возило а имате потреба да го почуствувате пулсот на градот, автобуската постојка е на само 200 метри од вилата.

Вилата Mersinis“ има шест пространи апартмани на приземје, прв и втор спрат кои имаат големи тераси со поглед во дворот или на локалниот пат кој води до Неос Мармарас. Сите сместувачки капацитети се опремени со мебел, кујни, купатила, телевизори и клима уреди чие користење е вклучено во цената. Апартманите се опремени со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.

 Доплата за туристичка такса 0,5 евра од ден по студио/апартман
(се плаќа во агенцијата)

Цените  во табелата се однесуваат за наем на цел апартман за 10 ноќевања без вклучен превоз

– Во апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети

– Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време

– Доплата за туристичка такса во Грција-0,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенцијата)

– Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс  62 денари!

– Организиран превоз Скопје-Кавадарци-Неос Мармарас

– Тргнување од Скопје во 04.00 часот и од Кавадарци во 05.30 часот пред туристичките агенции

– Цена на повратен билет –35 евра;деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 год.-25 евра