Вила ” Minas ” – Неа Флогита 2018

400

Куќата „Минас“ е лоцирана во мирен дел на Неа Флогита, на околу 100 метри оддалеченост од плажа – море. Големи, просторни четирикреветни дуплекс апартмани, со по две одвоени спални соби и одвоена трпезарија со комплетно опремена кујна, ТВ, клима, интернет. 

Услови под кои важи аранжманот

Цените СО * се однесуваат за 7 ноќевања по лице со вклучен превоз, за минимум две лица во студио/апартман. (Трето, четврто и пето лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, а плаќаат само превоз.

Цените БЕЗ * се однесуваат за наем на  студио/апартман за 7 ноќевања без вклучен превоз.

Во цената на аранжманот Е вклучено користењето на клима уредот.

За хигиената во апартманите во текот на престојот се грижат самите корисници.

Во секе студио/апартмазн има комплетно опремена кујна за онолку лица за колку што е наменето студиото/апартманот.

Постелнината во студијата/апартманите не  се менува  за време на престојот.

Сместувањето во студијата/апартманите е најдоцна до 14 часот по локално време, а напуштањето на истите е во 10 часот по локално време.

Цената е изразена во евра, а плаќањето е во денарска противвредност од 1€ = 62,00 денари.

При користење на сопствен превоз, цената на пакет аранжманите се намалува за 10 €.

 Цена на превоз на релација СкопјеХалкидикиСкопје изнесува:

  • возрасни: 35 €
  • деца од 2 до 12 години: 25 €

– Доплата за туристичка такса 0,5 € – 1 € по соба на ден (се плаќа во објектот)