Вила ” Nikos “- Скијатос 2018

884

Вилата „НИКОС“ е лоцирана во Кукунариес. Влезот е обележан со видлива табла на која пишува „Вила Никос“, голема влезна врата и паркинг простор.

Во дворот, кој наоколу е опкружен со дрвја, има и летниковец со големи маси и дрвени клупи. Десната страна од вилата граничи со имот, кој има борова шума, додека пак од левата страна се наоѓа езеро со слатка вода, кое е природен феномен на островот. Вилата е  оддалечена од плажата околу 5 минути. Во класичен медитерански стил, вилата располага со апартмани, во кои се влегува директно од дворот. Во вилата има постојано топла вода, која е решена преку централен соларен систем. Обезбедена е и со wi-fi сигнал.

Рецепцијата и останатиот персонал се достапни во секој момент за било каква информација и помош. Сите соби располагаат со ПП апарат, екстра кебиња и перница, но за било каква екстра потреба може да се обрати на рецепција. Во собите има клима уред, телевизор, радијатори за парно греење и купатило со ВЦ. Во сите апартмани се достапни по 2 крпи од лице (голема и мала).

  •  Цените се однесуваат на пакет аранжман по лице (9) ноќевања со вклучен: автобуски превоз, брод, трансфер пристаниште-вила-пристаниште, клима уред за минимум 2 лица
  • Термините објавени во табелата се однесуваат на ден на поаѓање, влез во објектите е следниот ден
  • Поаѓање од Штип пред Нова пошта во 23:00 часот
  • Поаѓање од Скопје АутоМакедонија(стар цветен пазар) во 23:00 часот
  • Цените се изразени во ЕУР, плаќањето е исклучиво во денарска противвредност по курс 62ден.
  • Трето и четврто лице добиваат 20% попуст на редовно легло
  • Петто лице гратис плаќа само превоз
  • Шесто лице гратис плаќа само превоз
  • Прво и второ дете од 02-12 год. добива 50% попуст на трето и четврто легло
  • Дете до 2 год. Бесплатно (без седиште)
  • Сите попусти за деца, трето и четврто лице важат при сместување со две возрасни лица
  • Само автобуски превоз 110 еур за возрасни, 65 еур за деца до 12 год.- повратна карта
  • Само автобуски превоз  80 еур за возрасни, 45 еур за деца до 12 год. – еден правец
  • За користење на аранжман со сопствен превоз се одбива 45 еур за возрасни, 25 еур за деца
  • Напомена: Oбезбедено е трансфер од пристаниште-вила-пристаниште на денот на пристигнување и заминување
  • Во случај на промена на часот на поаѓање/враќање од страна на  бродската компанија,  агенцијата го задржува правото за промена на часот на поаѓање/враќање во согласност со промените на бродската компанија
  • Туристичка такас се наплаќа во агенцијата и изнесува 0.5€ од ден за студио и 1€ од ден за апартман