Вила “Nikos” – Скијатос 2020

270

                            ВИЛА NIKOS – KUKUNARIES – СКИЈАТОС 

 На само 400 км.оддалеченост по копнен пат и 2,5 часа со траект се стигнува до прекрасниот кристално чист остров Скиjатос.

Припаѓа во групата на Северни Споради, изобилува со борова шума, пространи плажи со ситен песок и кристално чисто море. Заедно со островите  Хвар, Елба и Корзика припаѓа во групата на најзелените и најшумовитите острови во Европа. Островот – Скиjатос е со површина од околу 50 км2 има преку 50 плажи со извонредна забава за млади. Плажите Кукунариес, Агиа Параскеви, Трулос, Мегали Амос,Дијамант Бич, Лаларија и многу други оставаат простор за повторно навраќање и убави спомени.

Градот Скиjатос со својот модерен стил и многубројните ресторани, бутици со брендирана гардероба, кафетерии и дискотеки испреплетено со многубројни туристи од цела Европа, ќе ве опушти и направи задоволни и чекор понапред од сите.
ВилаНИКОС лоцирана во Кукунариес на оддалеченост 5 минути од најпознатите плажи “Кукунариес“,Агиа Елена,Хрисиамос,Мандраки се плажи кои се вбројуваат во 5-те најубави Европски плажи.Пешачењето до плажите е во убава шумска атмосфера.Вилата располага со 1/2, 1/3 ,1/4 студија и  1/6 дуплекси сите климатизирани, тв, ви-фи, балкони и простран двор, сместени во борова шума.

 Влезот на вилата е обележан со видлива табла на која пишува „Вила Никос“, голема влезна врата и паркинг простор.

Во дворот, кој наоколу е опкружен со дрвја, има и летниковец со големи маси и дрвени клупи. Десната страна од вилата граничи со имот, кој има борова шума, додека пак од левата страна се наоѓа езеро со слатка вода, кое е природен феномен на островот. Вилата е  оддалечена од плажата околу 5 минути. Во класичен медитерански стил, вилата располага со апартмани, во кои се влегува директно од дворот. Во вилата има постојано топла вода, која е решена преку централен соларен систем. Обезбедена е и со wi-fi сигнал.

Рецепцијата и останатиот персонал се достапни во секој момент за било каква информација и помош. Сите соби располагаат со ПП апарат, екстра кебиња и перница, но за било каква екстра потреба може да се обрати на рецепција. Во собите има клима уред, телевизор, радијатори за парно греење и купатило со ВЦ. Во сите апартмани се достапни по 2 крпи од лице (голема и мала).Чистењето на собите се врши преку еден ден.

ЦЕНИ ЗА 7,8 или 9 НОЌИ,АВТОБУС(СКОПЈЕ- ВОЛОС И ОБРАТНО),ТРАЕКТ(ВОЛОС-СКИЈАТОС-ВОЛОС),ТРАНСФЕР(ПРИСТАНИШТЕ-ВИЛА ПРИСТАНИШТЕ)

КОРИСТЕЊЕТО НА КЛИМА УРЕДОТ, WI-FI  (Е БЕСПЛАТНО)

  • Kога има попуст за рана уплата или ласт минут ,попустот се однесува само за прво и второ лице

 

ЦЕНИ НА БАЗА 7,8или 9 НОКЕВАЊА СО ПОЈАДОК(ШВЕДСКА МАСА) ВО ХОТЕЛ  MUSES 4*,АВТОБУС(ШТИП,СКОПЈЕ- ВОЛОС И ОБРАТНО),ТРАЕКТ(ВОЛОС-СКИАТОС-ВОЛОС),ТРАНСФЕР(ПРИСТАНИШТЕ-ВИЛА ПРИСТАНИШТЕ)

Хотелот Muses е на 50 метри оддалеченост од вилата Никос во правец кон плажата Кукунариес.

 

Цените се однесуваат на пакет аранжман по лице за (7,8 или 9) ноќевања со вклучен:

* автобуски превоз, брод, трансфер пристаниште-вила-пристаниште, клима уред за минимум 2 лица;

* трето,четврто ,петто или шесто лице плаќаат според табелата;

*1 и 2  (прво и второ) дете до 12 години  плаќаат според табелата;
* дете до 02 години бесплатно (без седиште);

  • Kога има попуст за рана уплата или ласт минут ,попустот се однесува само за прво и второ лице
  • Термините објавени во табелата се однесуваат на ден на поаѓање, влез во објектите е следниот ден;
  • Поаѓање од Скопје на паркингот спроти Холидеј Инн во 23:00 часот;
  • Цените се изразени во ЕУР, плаќањето е исклучиво во денарска противвредност по курс 62ден.
  • Само автобуски превоз Скопје – Волос – Скопје 110 еур за возрасни, 65 еур за деца до 12 год.- повратна автобуска и бродска карта;
  • Само автобуски превоз  80 еур за возрасни, 45 еур за деца до 12 год. – еден правец и бродска карта;
  • За користење на аранжман со сопствен превоз се одбива 45 еур за прво и второ лице, за 3,4,5,6 лице по  25 еур,за деца до 12 години не се одбива;
  • Напомена: Oбезбедено е трансфер од пристаниште-вила-пристаниште на денот на пристигнување и заминување
  • Во случај на промена на часот на поаѓање/враќање од страна на  бродската компанија,  агенцијата го задржува правото за промена на часот на поаѓање/враќање во согласност со промените на бродската компанија.