Вила ” Nikos ” – Фурка 2019

125

Куќа “Nikos”

Фурка е мало, но навистина интересно, живо селце на западната страна од првиот крак на Халкидики, Касандра. Оддалечено 123 км. од Солун и 181 км. од македонската граница.
Последните неколку години се повеќе барана туристичка дестинација.
Aпартманите Никос се оддалечени околу 250 метри од централната плажа во Фурка, на 70-80 метри од нив е големиот маркет “Масутис” и центарот на селцето.
Собите се стандардни, уредни и чисти, секоја соба има комплетно опремена кујна, сопствен тоалет, ТВ, клима уред, бесплатен интернет и тераса.

За целосна уплата до 19.01.2019

20% ПОПУСТ!

Напомени и услови:

  • Цените во табелите се објавени во евра, плаќањето на аранжманот е исклучиво во денари, по курс 1 евро = 62 денари. Истите се за наем на цело студио или апартман, за број на ноќевања кој е запишан во табелата.
  • Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.
  • За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 7 дена пред започнување на аранжманот. Кој било друг начин на резервација (усно, телефонски или слично) е неважечки.
  • Преземањето на собите започнува најрано во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин.
  • Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.
  • Единствено е дозволено сместување на едно дете до 5,99 години над бројот на кревети во секое студио или апартман 
  • ГРАТИС превоз за термините кои се обележани со ѕвезда (*), За останатите превозот се доплаќа.
  • Агенцијата организира превоз со придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот а цената за истиот изнесува:
    • За возрасни 2.170 мкд. (35 евра)
    • За деца до 12 години 1.550 мкд. (25 евра) 
    • Деца до 2 години бесплатно, без седиште
  • Тргнувањето од Скопје е во 3 часот наутро (на паркингот спроти хотел „Холидеј ин“) а состанок на групата е во 2:30 минути. Тргнувањето од Грција е од место и време кои се договараат со придружникот-пратител на групата.
  • Клиентите кои не користат огранизиран превоз од агенцијата, т.е. оние кои патуваат со сопствен превоз се сместуваат индивидуално во собите, истите ги молиме да побараат точни информации за локација на сместувачките капацитети во нашите канцеларии. 
  • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.
  • Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
  • A.Весна Турс не може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда.
  • Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.
  • Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување,

За овој аранжман важат Општите услови за патување на агенциите членки на СКТМ и T.A.Весна Турс.