Вила ” Paradise ” – Kаламитци

1115

Вилата „Paradisе“ се наоѓа на само 100 метри од една од најубавите плажи на најмалото скриено богатство на Ситонија-Каламитси. Во оваа раскошна вила располагаме со трокреветни и четирикреветни студија на прв и втор спрат со пространи тераси од кои некои имаат бочно поглед кон морето. Сите сместувачки капацитети  се опремени со квалитетен мебел и кујни, телевизор, клима уред чие користење е вклучено во цената и сопствено купатило. Гостите во вилата имаат на располагање и простран двор за уживање: тука децата можат безбедно да играат, а за возрасните еден дел од  просторот е опремен со дрвени маси и столчиња и простор за скара. Сите сместувачки капацитети се опремени со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. Вилата има сопствен паркинг.
Напомена: Во сите студија дозволено е сместување на толку лица колку што има нормални кревети. Во заеднички кревет заедно со возрасно лице може да се смести дополнително едно дете до 4 години. Во некои од студијата постои можност од помошен  кревет чие користење се доплаќа на лице место кај сопствениците на вилата.

  • Цените  се однесуваат за сместување во студио за 10 ноќевања без вклучен превоз
  • Организиран превоз Скопје-Кавадарци-Каламитси:
  • Тргнување од Скопје во 04.00 часот и од Кавадарци во 05.30 часот пред Туристичките агенции
  • Цена на повратен билет – 35 евра; деца до 2 години бесплатно (без седиште);деца од 2-12 год.-25 евра
  • Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс 62 денари!