Вила ” Paradisos “- Калитеа

1367

Вилата „Paradisos“ се наоѓа во централниот дел на Калитеа, на околу 400 метри од најубавата песочна плажа на Касандра. Лоцирана е на само неколку минути од строгиот центар на градот, што само ја потврдува нејзината извонредна местоположба-издвоена од градската врева, а сепак на чекор до изобилството продавници и бутици.Располагаме со едно двокреветно студио и со трокреветни и четирикреветни апартмани на приземје, прв и втор спрат. Сите сместувачки капацитети имаат сопствено купатило и се опремени со телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Сместувачките капацитети на прв и втор спрат имаат пространи тераси заштитени со тенди, додека апартманите на приземје имаат сопствен двор ограден со зеленило и заштитен со тенди. Сите сместувачки капацитети се опремени со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. Во непосредна близина на вилата има паркинг простор.
Напомена: Сите апартмани се со четири нормални кревети. Цената за 1/3 апартман во ценовникот се однесува доколку апартманот го користат само 3 лица.

Напомена :

  • Цените  во табелата се однесуваат за наем на цело студио или
  • апартман за 10 ноќевања без вклучен превоз
  • Во студијата и апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети
  • Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време
  • Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс  62 денари!
  • Организиран превоз Скопје-Кавадарци-Калитеа
  • Тргнување од Скопје во 04.00 часот и од Кавадарци во 05.30 часот пред туристичките агенции
  • Цена на повратен билет – 35 евра; деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 год.-25 евра