Вила ” Parthenon “- Неос Мармарас 2021

125

Вила “Parthenon”се наоѓа во Неос Мармарас, во непосредна близина над пристаништето, нa oколу 50m oд најблиската мала плажаи на околу 500m од познатата плажа Paradisos. Вилата има 2 влеза. Во задниот дел се наоѓа прекрасно уреден двор со лулашки за деца и скара за гостите со маси и столчиња.  Располага со 1/2 и 1/3 студија со редовни легла, како и 1/3+1 студија со 3 редовни и 1 дополнително легло на извлекување. Студијата се наоѓаат на I и II кат, сите опремени со: кујна (со прибор за онолку лица према број на легла, фрижидер…), тоалет, клима (со доплата на лице место 3€ од ден), ТВ, бесплатен Wi-Fi интернет, гардеробер, широки балкони со тенди за сонце и масичка со столчиња. Студијата се на I и II кат.

      GPS Coordinates:40°05’43.1″N 23°46’44.1″E   |   40.095309, 23.778926

НАПОМЕНА

  • –  Цените се дадени по лице за 7 ноќи/8 дена со вклучен превоз | 3-то и 4-то лице БЕСПЛАТНО сместување;
  • –  Цените за 7 ноќи/8 дена со*, се дадени за наем на цело студио без вклучен превоз;
  • –  Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
  • –  Во студио плаќаат минимум 2 лица | 3-то и 4-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз доколку користат;
  • –  Во студио, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години – БЕСПЛАТНО;
  • –  Поради генерално чистење на студијата после секоја смена, истите се напуштаат во 09:00 часот, а се добиваат околу 14:00 часот (локално време);
  • –  Хигиената си ја одржуваат самите клиенти за време на престојот;
  • –  Превоз од: Штип / Скопје / Куманово / Велес / Струмица / Удово / Гевгелија;
  • –  Превозот ги остава/зема патниците пред вилата.
  • –  Wi-Fi интернет – БЕСПЛАТЕН!!
  • –  Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти и Не важат за првиот и последниот термин.

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ

  • –  За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 10%попуст на вториот термин;
  • –  За аранжманите за 7 ноќи/8 дена без *, при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице (освен за првиот и последниот термин);
  • –  При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
  • –  Доплата за клима – 3€ од ден (на лице место);
  • –  Доплата за туристичка такса – 0.50€ од соба од ноќ (се плаќа во самиот објект при сместување);
  • –  Доплата за превоз: 35€ за возрасни / 25€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште);
  • –  Доплата за патничко осигурување.