Вила ” Parthenon ” – Неос Мармарас

1291

Вила “Parthenon” се наоѓа во Неос Мармарас, во непосредна близина на пристаништето, нa oколу 50m oд нај блиската плажа и на околу 500m од познатата плажа Paradisos. Вилата има 2 влеза. Во задниот дел се наоѓа прекрасно уреден двор со лежалки, лулашки за деца и скара за гостите. Располага со 1/2 и 1/3 студија со редовни легла, како и 1/3+1 студија со 3 редовни и 1 дополнително легло на извлекување. Студијата се наоѓаат на I и II кат, сите опремени со: кујна (со прибор за онолку лица према број на легла, фрижидер…), тоалет, клима (БЕСПЛАТНА во Јули и Август), ТВ, бесплатен Wi-Fi интернет, гардеробер, широки балкони со тенди за сонце и масичка со столчиња.

  • НАПОМЕНА
  • –  Цените се дадени по лице за 7 ноќи/8 дена со вклучен превоз | 3-то и 4-то лице БЕСПЛАТНО сместување;
  • –  Цените за 9ноќи 10дена (со*), се дадени за наем на цело студио без вклучен превоз;
  • –  Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
  • –  Во студио плаќаат минимум 2 лица | 3-то и 4-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз во термините на 7 ноќи;
  • –  Во студио, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни – БЕСПЛАТНО;
  • –  Поради генерално чистење на студијата после секоја смена, истите се напуштаат во 10:00 часот, а се добиваат околу 14:00 часот (локално време);
  • –  Хигиената си ја одржувате сами за време на престојот;
  • –  Превоз од: Штип / Скопје / Куманово / Велес / Удово / Гевгелија;
  • –  Автобусот ги остава/зема патниците на околу 30m од вилата.
  • Клима – БЕСПЛАТНА во Јули и Август;
  • –  Wi-Fi интернет – БЕСПЛАТЕН!!
  • –  Early booking попустот не е пресметан во ценовникот и НЕ се комбинира со други попусти.
  • ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
  • –  За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 10%попуст на вториот термин;
  • –  За аранжманите за 7 ноќи/8 дена (без *), при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице;
  • –  При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
  • –  Доплата за превоз: 35€ за возрасни / 25€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште);
  • –  Доплата за патничко осигурување – 150мкд / 300мкд за лица над 65 год.