Вила ” Pension Holidays “- Лефкада 2018

1082

Лефкада (грчки: Λευκάδα) или Лефкос е остров во Јонското Море, еден од најголемите што ѝ припаѓаат на Грција. Островот е поврзан со копното со автопат и висечки мост, а е најпознат во светот по прекрасните плажи од кои застанува здивот.
Лефкада е прилично голем остров. Во насока север-југ е долг 35 километри, додека исток-запад, преку 15 километри. Вкупната површина на островот изнесува 336 километри квадратни. Главниот град на островот, а воедно и административен центар на целата област е истоимениот град, Лефкада, којшто се наоѓа на северно-источниот дел од островот, на точката каде што јонскиот остров се поврзува со копнениот дел од Грција и на приближно 20 минути возење со автомобил од националниот аеродром Актион.

Куќата “ Pension Holidays” е лоцирана на пристаништето во Василики, на 100м од плажа.  Сите студија се трикреветни и имаат поглед кон морето. Студијата имаат комплетно опремени кујни, ТВ, балкон, клима(вклучена во цена).

 

  • Цените во табелите се објавени во денари и во евра, плаќањето на аранжманот е исклучиво во денари.
  • За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување и целосна уплата најдоцна 7 дена пред започнување на аранжманот. Кој било друг начин на резервација (усно, телефонски или слично) е неважечки.
  • Цените во табелите се дадени по лице со вклучен превоз . 
  • При сместувањето во студио / апартман плаќањето  е за минимум 2 лица . 3,4 и 5 лице се сместуваат гратис за 7, 9,10 или 12 ноќевања и плаќаат превоз доколку користат.
  • Цените означени со ѕвезда (*) се промотивни и не подлежат на попусти за ран букинг , превозот не се одбива од истите 
  • Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот. 
  • За патниците  кои користат организиран превоз  тргнувањето е ден порано , состанок на групата е во 23.00ч на паркингот  спроти хотел Холидеј Ин, тргнување во 23.30ч. 
  • Користење автобуски превоз по лице:
    • Возрасни 3.100мкд. (50 евра)
    • Деца до 12 години 2.170мкд. (35 евра)
  • За аранжман со сопствен превоз во сезонските цени по лице  се одбива: 
    • 550 мкд (25евра)
  • Преземањето на собите започнува најрано во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин.