Вила “Porto Davia” – Закинтос

726

Островот на желките, бисерот на Јонското море. Веќе 8 години е дел од нашата понуда. Препознатлив по плажата “Navagio”, од која навистина застанува здивот. До неа се доаѓа само преку море, со брод. Но, таа е само една од многуте прекрасни плажи на целиот остров. До Закинтос се стига со траект (1.30мин.) од пристаништето Килини. Пристигнувате во главниот град  Занте, навистина прекрасно место, кое со тесните и мали улички, полштадот, потсетува на Италија. Заштитник на градот (островот) е Св. Дионисиос. Над градот се наоѓа Bochali, од каде има прекрасна глетка на целиот остров.

Најпознатa еКуќата “Porto Davia” се наоѓа во Аргаси, кон крајот на ова мало туристичко место, во исклучително мирен дел, на самата плажа. Утринско кафе со поглед на море, во двор со палми и релаксирачко зеленило. Во вечерните часови можете да уживате слушајќи ги морските бранови. Сите соби имаат комплетно опремена кујна, сопствен тоалет, ТВ, клима уред (се доплаќа) и тераса.

Напомени и услови:

  • Цените во табелите се дадени во денари и евра, по лице за пакет аранжман од 7 и  9 ноќевања со вклучен автобуски превоз
  • Плаќањето е исклучиво во денари
  • За аранжман со сопствен превоз се одбива 1.550мкд.(25 евра ) за возрасни и 930мкд.(15 евра ) за деца до 12 години.
  • Термините во табелите се денови на тргнување од Скопје во 18.00 часот, состанок на групата во 17.30 часот, аранжманот започнува следниот ден
  • Автобуски превоз без аранжман по лице
    • Возрасни 4.960 мкд. (80 евра)
    • Деца до 12 години 3.410 мкд. (55 евра)
  • Задолжително патничко-здравствено осигурување, информации во агенцијата
  • Во случај на промена на времето на тргнување на траектот од  Килини до Закинтос и обратно, агенција го задржува правото на промена на програмата.