Вила ” Roula ” – Лименас 2018

220

Вила Roula се наоѓа во самиот центар на главниот и воедно најголем град на островот Тасос, Лименас. Вилата се наоѓа на околу 300 м. од градската плажа. Главната пешачка зона како и старото пристаниште каде може да се најдат голем број на ресторани, таверни и барови се на 2-3 мин. одалечени од вилата што претставува огромна предност за оние кои преферираат прошетка во вечерните часови. Во сама близина на вилата има и продавница. Вилата располага со комотни и пространи 1/3 студиа како и со 1/4 дуплекс апартмани со комплетно опремени кујни, како и рецепција на влезот и прекрасно уреден двор кои е на располагање на гостите. Користењето на клима уредот е вклучено во цена.

Напомена:

Смените со * се однесуваат на 7 ноќевања со вклучен превоз по лице (трето и четврто лице – БЕСПЛАТНО плаќа само превоз доколку користи)
Смените без * се однесуваат на наем на цел апартман за 9 ноќевања без вклучен превоз
За резервирани два последователни аранжмани одобруваме 10% попуст на втората смена (не се комбинира)
Во цената на аранжманите вклучено е користењето на клима уредот
За хигиената во апартманите во текот на престојот се грижат самите корисници
Во секое од апартманите има комплетно опремена кујна за онолку лица колку што има во апартманот
Постелнината во студијата се менува еднаш за време на престојот
Сместување во студијата/апартманите е по 14 часот по локално време а напуштање на апартманите е до 09 часот по локално време
Цените се изразени во ЕУР за плаќање во денарска противвредност 1 € = 62 денари.

*При користење на сопствен превоз, цената за пакет аранжманите означени со * се намалува за 20€.

Цената на превозот на релација Скопје -Велес – Тасос – Велес – Скопје

возрасни: 50 €
деца од 2 до 12 години: 35 €
деца до 2 години: БЕСПЛАТНО (не користи седиште)